НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

БАЛКАНСКА КОАЛИЦИЈА НА ЖЕНИ- Градење на заеднички насоки за подобри услови за социјалните претпријатија на Балканот

БАЛКАНСКА КОАЛИЦИЈА НА ЖЕНИ- Градење на заеднички насоки за подобри услови за социјалните претпријатија на Балканот

Од 13 до 20 март во Скопје се одржува Конференција на Балканската коалиција на жени, во која учствуваат претставници од седум ( 7) Балкански држави, кои заеднички во периодот од 2020 до 2022 година работат на Проектот “Развој на социјалните претпријатија/претприемништво“.

 

На првиот ден од одржувањето, беа презентирани досегашните активности во рамки на Проектот, како и Агендата на петдневните обуки за тренери и активностите на Тимот на Проектот. 

На обуките кои по сопствени изработени модули ги претставуваат тренери од Организациите за жени : KAGIDER од Турција,  ABW од Босна и Херцеговина , VSELENA од Бугарија, SEGE од Грција, AAIE од Албанија, Здружението на бизнис жени- С. Македонија и Асоцијација пословних жена -Црна Гора, преку презентации и работилници зборуваа за најважните форми од правен, едукативен, дигитален аспект и сите други делови во кои треба да се надминат предизвиците, за да може да се овозможи работата на Социјалните претрпијатија, пред се со намдинување на различните гледишта  за нивната профитна или непрофитна поставеност.

Подршката на општествената заедница за развој на социјалното претприемништво е од големо значење и тоа е фокусот на кој треба да се работи за поместување на пречките кои го оневозможуваат работењето на овој вид претприемништво.

Проектот е кофинансиран од Програмата Еразмус+ на ЕУ и според активностите треба да се организираат Обуки со фокус групи во сите земји од страна на обучените тренери и потоа да се имплементираат во секоја држава.

 

Галерија од работилниците

 

               

                 

         

           

 

   

Проектот е имплементиран од: