НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Општините и организациите од Вардарскиот регион ја потпишуваат Декларацијата за подршка на женско претприемништво

Општините и организациите од Вардарскиот регион ја потпишуваат Декларацијата за подршка на женско претприемништво

 Деновиве Координаторката од Вардарскиот регион Снежана Димитриевски имаше средби со повеќе организации и Општини во овој регион на кои беше потпишана  Декларацијата  за поддршка на женското претприемништво.

Подршка на развојот на женското претприемништво дадоа градоначалникот на Општина Свети Николе Дејан Владев, Градоначалникот  на
Општина Росоман, г-н Стојан Николов како и градоначалниците на Неготино, Лозово, Чашка и Градско. 

Подршката на Општините кои на локално ниво се очекува според структурата на самата Општина, понатаму да развиваат стратегија за развој на бизнисите кои се приоритет на Општината а кој се и ќе бидат раководени од жени.

 Декларација за поддршка на Женско претприемништво,беше потпишана и од  од страна на Извршниот претседател на Здружение на Финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија, г-н Зоран Јанкуловски. 

Декларацијата доби подршка и од  X Factor Accelerator од Велес е прв и единствен бизнис акцелетатор надвор од Скопје, кој е основан од инвеститори со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на развојот на успешни стартап бизниси. Декларацијата  беше потпишана  и од страна на Претседателката на невладината организација „Центар за социјални иновации и локален развој”,  Марија Алчева и од  Претседателката на невладината организација „Организација на жени на општина Велес”, Мирјана Трајков.

После потпишувањето на Декларациите претстои интензивна работа на локално ниво кое секако ќе доведе до резултат  на развој и подобри услови за жените во светот на претприемништво.

Проектот е имплементиран од: