НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

После општините, Декларацијата за женско претприемништво ја потпишуваат образовни и граѓански институции од југозападниот плански регион

После општините, Декларацијата за женско претприемништво ја потпишуваат образовни и граѓански институции од југозападниот плански регион

После потпишувањето на Декларацијата со поголем дел од Општините во Југозападниот плански регион, координаторката на Националната платформа за женско претприемништво од овој регион Сузана Наумовска, активно работи на добивање се поголема видливост на женското претприемништво и се поголем број институции од областа на образованието како и граѓанскиот сектор ја  потпишуваат  Декларацијата за подршка и развој, како прв чекор кон преземањето сеопфатна основа за се поголем просперитет на женското претприемништво.

 

Директорот на Средното училиште ОЕМУЦ, “Св Наум Охридски“ од Охрид при потпишувањето на Декларацијата ја потенцираше важноста во насоките на ученичките од нивното училиште да се запознаат и во претприемништвото да најдат мотив за просперитет по завршувањето на средното образование.

 

Декларацијата ја потпиша и директорката на Кузман Шапкарев ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење, Марија Орече, која смета дека овој Универзитет и насоките на Националната платформа за женско претприемништво имаат многу заеднички точки кои треба да с енадополнуваат за да се овозможи на жените подобри услови во бизнис светот.

 

Подршка на Националната платформа за женско претприемништво со потпишување на Декларацијата за подршка и развој даде и Татјана Узуноска Тренеска, уметнички раководител на Фолклорен ансамбл “Бисери’ од Охрид.

 

Кон крај на месец мај Охрид се подготвува за одржување на првиот од серијата на Форуми во сите пллански региони за поттикнување, подршка и развој на женското претприемништво

Проектот е имплементиран од: