НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ОПШТИНА БИТОЛА – Потпишана Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво

ОПШТИНА БИТОЛА – Потпишана Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, денес потпишаа декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво. Имајќи ја предвид улогата на жената во современите економски процеси, со декларацијата Општина Битола, во понатамошниот период ќе се залага за поддршка и промоција на женското претприемништво, како и создавање на поволно деловно опкружување и обезбедување поддршка за развој на претприемачкиот потенцијал на жените, со што ќе се придонесе кон развојот на постојните и креирање на нови претпријатија, на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.

Декларацијата, која е дел од Националната платформа за женско претприемништво ги информира присутните на средбата претседателката Валентина Дисоска, меѓудругото предвидува и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации со цел креирање политика, застапување и соработка со националните и локалните власти и формирање на локални клубови за женско претприемништво, како и промовирање на квалитетни примери на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и активно промовирање на позитивните примери за овозможување родова еднаквост.

Со поптишувањето на Декларацијата во Општина Битола а пред тоа и во Прилеп, се даде основа за развивање на основите на женското претприемништво во Пелагонискиот регион.

 

Проектот е имплементиран од: