Денеска во Куманово во рамките на Програмата за Прекугранична соработка меѓу Србија и Северна Македонија, се одржа Информативна работилница на проектот :“Подобри Можности прилагоидени на неразвиените области“, под наслов „Мерки за подршка и нови перспективи за инклузивен локален економски развој“.
На овој настан претседателката на Националната платформа за женско претприемништво Валентина Дисоска , ја презентираше Платформата пред присутните на средбата.
На Работилницата се говореше за многу актуелни теми во овие области, околу Подобри можности за локален економски развој, потребите на локалното население на земјоделието и руралниот развој за што се осврна Габриела Костовска Богоеска, извршна директорка на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување како и претставници на локалната управа на Куманово и регионот.
Еден од најгорливите фокуси за кој се зборуваше се стимулативните мерки за подршка на (само) вработување и зголемување на економските активности. Овие мерки ќе бидат насочени кон населението и развој на руралната економија.