Денеска во рамки на проширување на активностите на локално ниво, во организација на Координаторката на НПЖП, Дивна Јанкова, во Североисточниот плански регион беше потпишана Декларација за развој и подршка на женското претприемништво Општина Кратово.На средбата на тимот на Националната платформа: претседателката Валентина Дисоска, координаторката за јакнење на капацитети Емилија Андонова и координаторката на Северноисточниот Хаб, Дивна Јанкова со Тодорче Николовски, Градоначалник на Општина Кратово и претставници од Совет на општина Кратово, беа дискутирани потенцијални можности за жените претприемачки и креирање на Совет за женско претприемништво. Декларацијата е почетен чекор во развојот на можностите и подобрување на постојните услови за жените претприемачки и сите оние кои сакаат да почнат свој бизнис.