НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Потпишана Декларацијата за подршка и развој на женското претприемништво во Општина Кратово

Потпишана Декларацијата за подршка и развој на женското претприемништво во Општина Кратово

Денеска во рамки на проширување на активностите на локално ниво, во организација на Координаторката на НПЖП, Дивна Јанкова, во Североисточниот плански регион беше потпишана Декларација за развој и подршка на женското претприемништво Општина Кратово.
На средбата на тимот на Националната платформа:  претседателката Валентина Дисоска, координаторката за јакнење на капацитети Емилија Андонова и координаторката на Северноисточниот  Хаб, Дивна Јанкова со Тодорче Николовски, Градоначалник на Општина Кратово и претставници од Совет на општина Кратово, беа дискутирани потенцијални можности за жените претприемачки и креирање на Совет за женско претприемништво. 
Декларацијата е почетен чекор во развојот на можностите и подобрување на постојните услови за жените претприемачки и сите оние кои сакаат да почнат свој бизнис.


Проектот е имплементиран од: