НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Општина Виница со подршка на женското претприемништво- потпишана Декларацијата и договорени следни активности

Општина Виница со подршка на женското претприемништво- потпишана Декларацијата и договорени следни активности

Поддршка, организација на инфо средби и поврзување со бизнис сектор, креирање на Совет за женско претприемништво, се само дел од заклучоците што произлегоа од денешната средба на тимот на НПЖП со градоначалникот на Виница, Миле Петков и Даниела Јаковлевска, претставник од Општината .

На средбата беше потпишана Декларацијата за подршка и развој на женското претприемништво, за која Валентина Дисоска, претседател на Националната платформа, посочи дека е важен чекор во конкретните активности од оваа сфера на развој на бизнис секторот кои го раководат или се во сопствеништво на жени.

На средбата присуствуваше и Емилија Андонова, координаторка за јакнење на капацитети на Проектот,  координаторката од Источниот плански регион, Ирена Мирчовска и Маријана Николова, амбасадорка од Платформата за овој регион, кои ги запознаа претставниците од Општината со главните точки во развојот на женското претприемништво на локално ниво.  

 

Проектот е имплементиран од: