Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, денеска во работна средба со тимот на Националната платформа за женско претприемништво ја потпиша Декларацијата за подршка и развој на женското претприемништво .
На средбата, тимот на НПЖП, претседателката Валентина Дисоска, координаторката за јакнење на капацитети Емилија Андонова и координаторката од Источниот плански регион, Ирена Мирчовска се зборуваше за јакнење на женско претприемништво и за иницијативата за преземање активности за формирање микро совет на ниво на целиот регион.
Општина Кочани ќе иницира одржување на Форумот за женско претприемништво во овој регион , што се планира да се одржи на есен да биде во Кочани – истакна градоначалникот Папазов на денешната средба, со што во следниот период се планира на овој економски дел да му се даде поголем акцент.