Претпријатието Ambrosia / Амброзија беше избрано да биде дел од платформата на Deutsche Telekоm АG, која бара млади со инспиративни приказни кои веќе се креатори на социјални промени и има за цел да ги поддржи. Платформата ќе ни помогне да ја зајакнеме нашата идеа така што ќе ни овозможи финансиска подршка и медиумска покриеност. Амброзија е старт-ап кој цели да прерасне во првиот еко-одржлив кетеринг во Македонија што ќе вработува жени од ранливи групи, изјавија двете млади девојки Симона Василева и Кристина Василева од Неготини.
Тие навистина имаат инспиративна идеја но за реализацијата е неопходна помош и поддршка од заедницата.
Затоа НПЖП ги поддржува младите девојки Симона Василева и Кристина Василева и ја препознава нивната голема амбиција да направат позитивни промени во нашето општество.
Повеќе за нивниот проект и стартап бизнис може да погледнете ан следниот линк: