Во Општина Пехчево, градоначалникот Александар Китански ја потпиша Декларацијата за подршка и равзој на женското претприемништво и истакна дека најголем дел на жени претприемачи во оваа општина се во сектор на земјоделство и во нивната програма е да им се помогне во делот на полесен пристап и можности за користење на финансии. На состанокот беше присутна и Елица Јовевска, заменик претседател на комисија за еднакви можности
Во Општина Берово, Градоначалникот Звонко Пекевски, кажа дека процентот на жени претприемачи во општината е низок и дека е потребна промоција на женското претприемништво и можностите и бенефитите што истото ги нуди. На состанокот со координаторката за Источниот плански регион на НПЖП Ирена Мирчовска, градоначалниците и нивните соработници беа запознаени со Проектот Национална платформа и сите активности што с епреземаат во развој на овој важен економски сектор. На состанокот во Општина Берово беше присутна и Биљана Каламадевска која е координатор за еднакви можности.
Ставот на двата градоначалника од овој регион е дека треба да се формираат Совети или пак Совет за развој на женско претприемништво на ниво на Источниот плански регион.