НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Јавен повик за ангажирање на локален координатор во рамки на проектот „Национална платформа за женско претприемништво” за Полошки плански регион

Јавен повик за ангажирање на локален координатор во рамки на проектот „Национална платформа за женско претприемништво” за Полошки плански регион

Проектот „Национална платформа за женско претпримништво”, кој се реализира во соработка меѓу Здружението на бизнис жени, Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Национална федерација на фармери и Здружението на стопански комори на Македонија а е кофинансиран од Европската Унија, објавува:

Јавен повик за ангажирање нa локален координатор на Хаб за Полошки плански регион.

Инструкции за апликанти

ВОВЕД

Сојузот на стопански комори на Македонија со адреса ул. Црвена Скопска Општина бр.10 (Нарачател), како партнер во спроведување на проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка со Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Национална федерација на фармери и Здружение на бизнис жени како координатор за спроведување на проектните активности, објавува Јавен повик за ангажирање на локален координатор за Хаб за:

•             Полошки плански регион

Цел на проектот:          

Општа цел: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женско претприемништво со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Специфични цели:

•             Градење на национална платформа за женско претприемништво како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;

•             Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво;

•             Одобрување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;

•             Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со женско претприемништво;

•             Придонес кон видливоста и опфатот на платформата.

ЦЕЛ И СТРУКТУРА НА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИМНИШТВО

Креирањето на Национална платформа за женско претприемништво, во понатамошен текст НПЖП, произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба за женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја. Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст.

При дизајнирање на структурата на управување на НПЖП се користи четирислоен пристап: 1) Совет на НПЖП, 2) Оперативните групи 3) Хабови за координација на активности на регионално ниво; и 4) поширока заедница на НПЖП. Советот  е  највисока структура на управување составен од лимитиран број на членови кои имаат највисоко влијание во адресираните области.

ЦЕЛИ И УЛОГА НА ХАБОВИ

Локалните хабови ќе го поттикнуваат дијалогот со локалните / регионалните власти и ќе обезбедат услуги на жени претприемачи во нивна близина. Хабовите се предвидени како локални работни групи кои ќе бидат фокусирани на подобрување на локалното опкружување поврзано со женското претприемништво, истовремено промовирајќи активизам и градење на капацитети.

ОПИС НА АНГАЖМАН И РАБОТНИ ЗАДАЧИ

Поточно, работата на локалниот координатор на Хаб ќе вклучува:

•             Координативни состаноци и работилници за засегнатите страни.

•             Локалните координаторот ќе презема активност за мапирање и анализа на локалното опкружување поврзано со женското претприемништво, родова рамноправност и економско зајакнување на жените, и изготвување на извештај од реализираните активности.

•             Локалниот координатор ќе организира еден форуми за консултација и лоцирање на целите, по еден во секој регион.

•             Локалниот координатор во соработка со локалните власти ќе предлагаат политики и мерки за подобрување на состојбата со женското претприемништво.

•             Хабот ќе учествуваат во сите преостанати активности, како што се настани, споделување на анкета за барометарски студии слично.

КРИТЕРИУМИ

Координаторот треба да ги исполнува следните критериуми:

•             Најмалку 3 години во активности поврзани со развој и промоција на женското претприемништво;

•             Познавање од областа на претприемништвото;

•             Високо развиени аналитички вештини;

•             Изградени односи и релации со пошироките општествени чинители важни за развој на женското претприемништво

•             Докажани способности за планирање и организација и имплементација на активности од почеток до финално известување;

ВРЕМЕНСКА РАМКА:

Ангажманот на локалниот координатор е за 90 експертски денови во период од  август 2022 година до 15 декември 2023 година.

ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

Заинтересираните лица треба да ги достават следните документи:

•             Професионална биографија и писмо за намера

•             Листа на референци

•             Финансиска понуда

ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР

Административна проверка:

Административна проверка на добиените понуди ќе овозможи утврдување на прифатливи понуди, предмет на евалуација, а кои ги исполнуваат сите барања.

Критериум за доделување на договорот

Критериуми за доделување на договорот е економски најповолна понуда. За носител на набавката ќе биде избран понудувач чија понуда ќе освои најголем број на бодови како збир на бодови за секој елемент на критериум економски најповолна понуда. Елементите на критериумот економски најповолна понуда се изразуваат со број на бодови во распон од 1 до 50 бодови кои редоследно се наведуваат според нивната важност, а нивниот вкупен збир изнесува 50 бодови. Како елементи на критериуми економски најповолно понуда се земаат следниве:

                Критериуми     Бодови

1.            Искуство             10

2.            Листа на референци     10

3.            Цена     30

                Вкупно 50

Критериумот Искуство на предложениот координатор ќе се бодува на следен начин:

•             искуство во слични задачи – 5 бодови

•             изградени односи и релации со заедницата – 5 бодови

Критериумнтот Листа на референци на понудувачот се утврдуваат 10 бодови на следниот начин:

•             1 референца – 2 бодови

•             2 референца – 6 бодови

•             Над 3 референци – 10 бодови

За критериумот Цена се утврдуваат вкупно 30 бодови. Заради евалуација цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови ќе добие понудата која има најниска понудена цена.

КРАЕН РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ

Целокупната документација треба да се достави најдоцна до 25 јули 2022 г. на следната е-маил адреса: [email protected].

Проектот е имплементиран од: