Здружението на бизнис жени објавува оглас за работното место Координатор за младински политики во рамките на проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, во рамките на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2018-2019, Инструмент за претпристапна помош (ИПА).
Главни задачи:
Има активна улога во поставувањето и функционирањето на платформата на сите нивоа;
Ги поддржува активностите поврзани со интернационализацијата;
Помага при различни консултации и настани за вмрежување;
Придонесува за материјалот за билтените и порталите, социјалните канали итн
Планирање, спроведување и следење на одобрените проектни активности во согласност со договорот за грант потпишан со договорниот орган;
Обезбедува оперативно финансиско управување и обработка на сите примарни сметководствени документи
Координација на сите задачи и одговорности во однос на проектните активности според временскиот распоред и одобрениот буџет;
Присуствува на состаноци со проектниот тим
Собира информации и податоци за проектот во согласност со дефинираните цели и индикатори
Дава предлози и покренува иницијативи за подобра реализација на проектот
Учествува во континуирано и периодично планирање и обезбедува спроведување на активности според планот на активности и обврски од договорот
Обезбедува точна, навремена и континуирана комуникација со членовите на проектниот тим
Обезбедува навремен и релевантен проток на информации и консултации до релевантните субјекти во врска со промените и тешкотиите кои произлегуваат од спроведувањето на проектните активности
Редовно доставување на временски листови (timesheet)
Период на ангажман: септември 2022 – декември 2023 година
Работни денови: понеделник – петок
Очекувани испораки:
• Временски листови (timesheet)
Локација:
Координатор за младиснки политики ќе работи во Скопје и на други локации во земјата и странство каде што е потребно.
Документи за аплицирање:
Испратете го Вашето CV најдоцна до 15.08.2022 година на [email protected]