НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Јасмина Николоска – Амбасадорка во југозападниот плански регион

Јасмина Николоска – Амбасадорка во југозападниот плански регион

 Јасмина Николоска од Струга, дипломиран менаџер по царина и шпедиција, е  амбасадорка  на Југозападен регион на НПЖП. Со своите активности и ангажман во следниот период же ги анимира младите жени и ќе ги поттикнува да го прифатат светот на женското претприемништво, кој ќе им донесе поголема сигурност и економска стабилност.

После дипломирањето, одреден период го искористила за многубројни обуки и доквалификации при што се стекнала со голем број сертификати и дипломи за најпосле да зачекори во приватниот сектор како Управител на фирма за сметководство Глобокс. Како Овластен сметководител, со фирмата успешно работи повеќе од 5 години, со планови за проширување на бизнисот.

Ангажманот како Амбасадорка на Националната платформа за женско претприемништво го гледам како чекор за за придонес за вклучување на жените во светот на бизнисот како и зголемување на бенефитите на жените претприемачки. Сето ова ми дава голем мотив за работа затоа што секојдневно во мојата работа се среќавам со жени кои се веќе успешни во својот бизнис, оние кои се на почеток или пак млади жени кои размислуваат за сопствен бизнис- сподели со нас Јасмина Николоска, амбасадорка на Југозападниот плански регион.

Проектот е имплементиран од: