Елиф Мамути, Амбасадорка за Полошкиот плански регион на Националната платформа за женско претприемништво. Своето образование го има завршено на Уиверзитетот Хаџџеттепе воTурција.
Образованието на странски јазици и вклученоста во многу проекти и овозможило активно да зборува македонски, турски, албански и англиски јазик.
Како позначајни проекти на кои работела се вбројуваат ангажманот како Психолошки Советник| Гимназија Kılıçarslan Mesleki ve Teknik Anadolu во поериод Февруари 2019 – Јуни 2019, во 2018 била Волентерски Предавач| Здружение на инвалиди на Блискиот Исток(ОДЕД) како и Волонтер| Здружение за деца со церебрална парализа(СЕРЧЕВ)
ЕЛИФ МАМУТИ сега работи во секторот за образование на Општина Тетово а ангажманот како соработник во тимот на Националната платформа за женско претприемништво, секако е нов предизвик кој ќе ги отвори вратите на многу жени од Полошкиот реон за почеток на свој бизнис или проширување на постоечкиот. Претходното искуство секако ќе и даде повеќе мотивација и енергија да постигне солидни резултати.