НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Jавен Повик за учество на Конкурс за доделување на награда за граѓански организации – добри практики 2022

Jавен Повик за учество на Конкурс за доделување на награда за граѓански организации – добри практики 2022

Јавниот повик е во рамки  на проектот “Национална платформа за женско претприемништво” чија главна цел е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.
Специфични цели на проектот се: градење на Национална Платформа за ЖП како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси; олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од ЖП на национално и локално ниво; подобрување на капацитетите на граѓанските организации за ЖП за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти; промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика.
Во рамки на активностите на проектот е предвидено и одржување на самит на проектот ,, Втор годишен Самит на Национална платформа за женско претприемништво,, кој  ќе се одржи на 17 и 18 ноември во Скопје. Главната цел на Самитот е зголемување на видливоста и профилот на платформата и придобивките што ги обезбедува истата, за засегнатите страни и за женското претприемништво. Ваквиот пристап обезбедува  можност заедницата на платформата да се собере за да се споделат најдобрите практика и идеи, и да промовира политики што го поддржуваат женското претприемништво.
Во рамки на програмата на Самитот  е предвидено доделување на награда за граѓански организации за добри практики.


Доколку сакате да бидете дел од овој Самит и да станете потенцијален добитник на наградата, пополнете го и испратете го следниот формулар најдоцна до 01 ноември. За резултатите од конкурсот навремено ќе бидете известени.

Јавен повик за учество на конкурс за доделување на награда за граѓански организации – добри практики 2022 (google.com)

 

Проектот е имплементиран од: