Без оглед на големината на бизнисот, тестирањето на пазарот е значајно за успехот на новите производи на пазарот.
Затоа, по развојот на прототипот и одредувањето на неговата цена, потребно е да се презентира пред дел од постојните или потенцијалните потрошувачи, за да се добие фидбек колку идејата е реално прифатлива.
Методите на тестирање можат да варираат од класични методи со поголем временски период на траење и трошоци, сѐ до употреба на алтернативни методи кои се побрзи и поевтини.
А како се прави тестирање на пазарот на социјални медиуми?
Спроведувањето на тест на пазарот преку социјални медиуми може да се изврши во неколку чекори:
Одлука за тоа што треба да се тестира и развој на хипотеза (на пр. да се утврди кој пристап на објавување е поприфатилв за целната група – дали текст со метаподатоци од линк од веб-страна или текст со фотографија и линк во објавата; Хипотезата, на пример, е дека текст со фотографија и линк во објавата е подобро прифатен од публиката).
Избор на методот на тестирање – А/Б тестирање или мултиваријабилен тест (според примерот, соодветно е А/Б тестирање, бидејќи се менува само една променлива – фотографија, наместо метаподатоци од линк).
Одредување на времетраењето на тестот, каналот/платформата на која ќе биде спроведен и варијабли кои треба да бидат контролирани (почетна платформа може да биде онаа која брендот најмногу ја користи за објавување, каде што се наоѓа неговата целна група на потрошувачи; вообичаено се зема еден месец/ 4 недели како тест период, за да може да се пробаат барем 4 различни објави, но ова најмногу зависи од целите и ресурсите на самата компанија; текстот во објавата е контролната варијабла која нема да се менува).
Извршување на тестот (подготвка на содржината за објавување и нејзино закажување за објавување преку календар за социјални медиуми; означување на содржината „Тест 1 – Метадата“ и „Тест 2 – Слика“, за да може лесно да се следат ефектите и да се анализираат резултатите).
Анализа на резултатите и нови идеи за следни чекори (по завршување на тестирањето, се прави споредба на резултатите според избраните мерки – импресии/досег – која содржина стигнала до најголем број на публика, ангажман – допаѓања, споделувања, кликови, коментари и сл., или сообраќај – која содржина носи најмногу посетители на веб-страната; при што тестот со најдобри резултати упатува на можното идејно решение).
За примена на овие тестови, компанијата може да се консултира со лица кои имаат претходно искуство и познавање во управување и работа со социјални медиуми.
Кој метод и да се избере за да се изврши мерктинг-тестот е побезбедна варијанта, отколку да се пласира новиот/модификуван производ на пазарот без претходна евалуација од страна на потрошувачите и негова корекција (во поглед на дизајн, цена, пакување, име, дистрибуција, рекламна порака и сл.). Со прелиминарното тестирање на производот на пазарот ќе се намали ризикот од неуспех кога производот ќе се пласира на целиот пазар преку валидација на маркетинг миксот, потоа ќе се обезбеди потврдување/негирање на стратегијата на позиционирање на производот, а преку потрошувачкиот фидбек ќе се овозможи корективна акција