НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Делегација на Националната платформа за женско претприемништво на Самитот на WEGate Finance- Инвестирајте во и со жени претприемачки во Европа

Делегација на Националната платформа за женско претприемништво на Самитот на WEGate Finance- Инвестирајте во и со жени претприемачки во Европа

WEgate Summit 2022 - #WEGetFinance: Инвестирајте во и со жени претприемачи во Европа
Ова беше темата на вчерашниот Самит што се одржа во Брисел на кој првенствено се дискутираше како да се обезбеди подобар пристап до финансии за жените претприемачи , затоа што тоа е од суштинско значење за нивниот деловен успех! За време на овој настан, во присуство на голем број жени претприемачи, креатори на политики и агенции за поддршка, и финансиери, беа разгледаме можностите да се создаде финкционален екосистем, кој ќе придонесе за повисоки нивоа на инвестиции во компании водени од жените. Благодарение на учеството на оваа публика,  Самитот беше ќе уникатен трипартитен собир кој  ги опфати сите области од пристапот до финансии за жените претприемачи: финансиската писменост на жените претприемачи погодни за дигитална економија, алтернативни модели на финансирање до поблиска соработка помеѓу креаторите на политиките и финансиските институции и друго. 
За неговото трето издание, Самитот WEgate беше во живо и на него учествуваше делагација од Националната платформа за женско претприемништво во состав Валентина Дисоска ,претседател на Платформата и претседател на Здружението на бизнис жени, Елена Блажевска програмски координатор и Габриела Куленабова потпретседател на Сојузот на Стопански Комори на Македонија, партнер во Проектот.Секако дека искуствата од Самитот во многу ќе придонесат за одредување на насоките на најгорливиот предизвик на жените претприемачки и кај нас а тоа е пристапот до финансии.
 

 

Проектот е имплементиран од: