НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ ХАБ- „Жените во Пелагонија можат да отворат сопствен бизнис“

РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ ХАБ- „Жените во Пелагонија можат да отворат сопствен бизнис“

Форум во Пелагонискиот регион во организација  на Националната платформата за женско претприемништво, која се воспоставува преку проект кофинансиран од Европската Унија, а се спроведува од Здружение на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија  и Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР,ќе се одржи на 28.10.2022 година од 12 часот во Салата на Советот на Општина Прилеп.

Креирањето на Национална платформа за женско претприемништво (НПЖП), произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба на женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја. Главната цел на проектот е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

 Говорнички на Форумот ќе бидат претставнички од општините Прилеп и Битола, професорка од Економски факултет, млади претприемачи и успешни жени во бизнис секторот. 

Панел дебата „Жените во Пелагонија можат да отворат бизнис“
предизвици и можности за развој на женското претприемништво
“Еднакви можности на жените од руралните и урбаните средини при процесот на стар ап и започнување на сопствен бизнис” се : Викторија Наумоска – адвокатка и млада претприемачка, “Поддршката од локалните самоуправи за жени претприемачки”, Ирена Стерјовска Локвенец – заменичка градоначалничка на општина Прилеп, Габриела Илиеска – претседателка на Совет на општина Битола, “Образовниот процес во насока на подобрување на претприемачките вештини на младите”, Анета Ристеска Јанкулоска – професор доктор на економски науки – Економски факултет Прилеп, “Следење на иновации и европските трендови за жени претприемачки и жени во бизнис секторот”, Фросина Василоска – претприемачка и сопственичка на Млекара Мики ДОО Прилеп и Гордана Цветаноска – Сопственичка на радио Пела и претприемачка на бренд на еко производи Бавчик. 

Главната цел на овој форум ќе биде презентација на успешни претприемачки и жени во бизнис сектор.  

 

 

Проектот е имплементиран од: