НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

САМИТ 2022- Локални достигнувања во креирање на политики за развој на женско претприемништво

САМИТ 2022- Локални достигнувања во креирање на политики за развој на женско претприемништво

На првиот ден од Самитот 2022, “Инспиративна иднина“, во организација на Националната платформа за женско претприемништво ќе биде одржана Панел дискусија на тема “ Локални достигнувања во креирање на политики за развој на женското претприемништво“.

Панелисти ќе бидат претставници на некои од Општините каде се формира Совети за женско претприемништво, некаде на ниво на Општини, некаде на ниво на Региони. Во текот на целата година Тимот на НПЖП и Локалните координаторки за женско претприемништво, во осумте плански региони имаа бројни настани, форуми, потпишување на Декларации, средби со стејкхолдери, што веќе резултираше со конкретни чекори и формирање на Совети за женско претприемништво.

Панелисти ќе бидат:

Стевчо Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош, Општина која веднаш по потпишувањето на Декларацијата за подршка, спроведе низа активности и го формира Советот за женско претприемништво, кој во иднина ќе работи за подобрување на бизнис климата за жените и со тоа ќе се подобрува вкупната економска состојба на Општината.

Општина Кратови и нејзиниот градоначалник Тодорче Николовски со бројни активности го формираа Советот за женско претприемништво во Општината и со тоа поставија цврсти основи за понатамошен континуиран развој на женското претприемништво. Тој на Панел дискусијата ,присутните ќе ги запознае со тековните состојби.

На Панел дискусијата ќе биде присутен и Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, општина која во Југозападниот плански регион беше најактивна и со формирањето на Советот создава можности за поголем и поуспешен развој.

Се очекува да присуствува и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев а Костадин Костадиновски , градоначалникот на Општина Струмица, кој е првиот градоначалник и Претседател на Советот за женско претприемништво ќе има свое видео обраќање.

 

 

Проектот е имплементиран од: