На Самитот 2022 година беше претставен и Барометарот за женско претприемништво за 2022 година.
На национално ниво, беше донесена Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 година која, меѓу другото, ги предвидува целите за учество на жените на лидерски позиции во политичкиот, економскиот и јавниот живот и за вреднување и признавање на домашната работа и неплатената грижа, како дел од клучните аспекти кои би требало да го поттикнат женското претприемништво.
Спроведувањето на стратегијата за женско претприемништво 2019-2023 година е во тек. Сепак, статистичките показатели поврзани со родовата еднаквост покажуваат дека сè уште постои голем простор за унапредување на состојбите поврзани со родовата еднаквост на економски план, вклучително и преку охрабрување и олеснување на можностите за жените да започнат и водат сопствен бизнис.