НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

САМИТ 2022 – Отварање на Самитот и доделување на наградите на најуспешните жени претприемачки

САМИТ 2022 – Отварање на Самитот и доделување на наградите на најуспешните жени претприемачки

Националната платформа за женско претприемништво, на 17 и 18 ноември во Raguza Rootop 360, во Скопје,  го најавува Вториот Самит за женско претприемништво со наслов „Инспиративна иднина“.
 
Во пресрет на Светскиот ден на женското претприемништво 19 ноември, два дена Тимот на НПЖП организира настан, во кој фокусот ќе бидат женското претприемништво, условите, состојбите, сето она што е направено во изминативе две години како и најважното – фокус кон идните чекори кaко  инспиративнa иднина. 
 
На свеченото отварање ќе зборува претставник од Делегацијата на ЕУ која е подржувач и кофинансиер на овој голем и значаен Проект, Зоран Маневски –Заменик Министер за економија од Министерството за економија, партнер  во доделување на наградите на најуспешните жени претприемачки за 2022 година  и Сања Лукаревска – Директор на Управа за јавни приходи, голем подржувач на Националната платформа за женско претприемништво.
 

Во делот на отварањето на Самитот и поздравните говори, на присутните ќе се обратат, претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска и претседателка на Здружението на бизнис жени;

Извршниот директор  на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР- Габриела Костовска Богоеска, партнер во Проектот   и Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, исто партнер во Проектот. На отварањето се очекува да присуствуваат претставници од повеќе  државни и локлани  институции, кои го поддржуваат развојот на женското претприемништво.

 

Веднаш по свеченото отварање ќе бидат доделени и наградите на најуспешните претпријатија раководени и во сопственост на жени во микро, мали и средни претпријатија.

golden luxury halftone glitter white background

Наградите се доделуваат во соработка со Министерството за економија, која според листингот на Централниот регистар ги издвојува најуспешните. Оваа година 2022, најуспешни ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧКИ се:

-Најдобрa жена претприемач во категоријата микро компании  е Даниела Јосевски, Јосевски Консалтинг од Кочани, а наградата ќе ја додели  Зоран Маневски од Министерството за економија. 

-Најдобра жена претприемач во категоријата мали компании е   Ивана Спасев, Сакам Книги-Скопје, а наградата ќе и ја додели претставник на Делегацијата на ЕУ.

-Најдобри жена претприемач во категоријата средни компании   Славица Алексоска, СА ТЕКСТИЛ-Прилеп , а наградата ќе и ја додели претседателката на Националната Платформа, Валентина Дисоска.

 

По свеченото отварање и доделувањето на наградите Самитот ќе го почне работниот дел, составен од четири Панел сесии, две работилници, презентација на работата и идните активности и доделување на двете награди на Платфромата :Најдобра “Млада лидерка“ и Најдобра “Граѓанска организација-добра практика“.

Престојуваат два дена посветени на женското претприемништво.

 

Проектот е имплементиран од: