НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Советодавен одбор – Проширување на активностите со фокус – подобрување на актуелните бизнис услови за претприемачките

Советодавен одбор – Проширување на активностите со фокус – подобрување на актуелните бизнис услови за претприемачките

На четвртиот  состанок на Советодавниот одбор на Националната платформа за женско претприемништво,  беше направен пресек на годинешните активности кои имаат многусежно позитивно влијание во подобрување на статусот на жените претприемачи, нивно вмрежување и верификација на нивната работа.

На Советодавниот одбор присуствуваа:  Душица Перишиќ, Јасмина Кантарџиева Димков,  Тања Марковска, Тања Томиќ и Тамара Јованов Апасиева.  Заедно со Тимот на Националната платформа: Валентина Дисоска, претседател, Мими Шушлеска-Петкова и Емилија Андонова координаторки во Проектот, се зборуваше  за идните чекори во 2023 години.

 

Тамара Јованов Апасиева, истакна дека се она што е сработено како активност и видливост на проектот е навистина за почит  а во иднина има многу области каде треба да се насочи работата на Платформата.  Обуките на жените се многу потребни, социјалните-дигитални информации и нивно користење, надминување на традиционалните  бариери во  дигитализацијата, насочување внимание кон младите, образованието и промоција на постоечките бизниси , се само дел од предлозите на проф Јованов Апасиева.

 

Душица Перишиќ ја насочи својата дискусија и предлози кон локалната самоуправа и барање на разни форми на функционирање и проширување на Платформата на локално ниво. Најважно, според неа е да се најдат начини локалната заедница да изнајде форми за подршка на женското претприемништво. Таа истакна дека создавањето на Совети за женско претприемништво е голем чекор како во локалните заедници да се направи здрава основа за проширување на бројот на жени претприемачи кои се вклучени во Платформата.

 

Тања Томиќ зборуваше за досегашните бенефити од постоењето на Платформата, за делот на промоција на нови бизниси, вклучувањето на е-алатки во функција на подобар бизнис и повеќе можности за достапност до информации како и насочување на бизнис жените кон нови бизниси поттикнати од современите измнети текови во ова сфера.

 

 

Тања Марковска посочи на можностите од финансиски асект кои треба да ги користат жените претприемачки. Укажа дека новите зелени бизнис, бизниси со обновливи видови на енергија , дигиталн трансформации, користење на ИПАРД фондовите и Јавните повици за финансиска подршка на Светската банка , се можности за жените претприемачки и се  дел од идеите и насоките кон што во 2023 година да се насочат Тематската и Секторската група.

Емилија Андонова, координатор во Проектот за градење капацитети, посочи дека правилно избраните теми на кои ќе работат Тематската и Секторската група следната година повторно ќе дадат цврста основа и насоки за понатамошни позитивни искуства.

 

Секако дека голем дел за развојнот процес на НПЖП игра нејзината видливост, присутност во медиумите и јавноста, за што најголема функција играат сопствените медиуму, веб Платформата weplatform.mk, Верадиото weradio.mk  и Мобилната апликација We assistant  како и бројните  профили на социјалните медиуми. На оваа констатација се надоврза Јасмина Кантарџиева, која за следниот период предложи поголема соработка и присутност на жените претприемачки и нивните успешни приказни и на други медиуми.

 

Она што беше тема на состанокот е и транзицијата на Платфромата од кофинансирање на ЕУ до самоодржливост. За тоа зборуваше претседателката Валентина Дисоска, која истакна дека Платформата е резултат на стратегијата за развој на женското претприемништво, заклучно со 2023 година, последните 4 години (2020-2023) и сега веќе се работи на изработка на Стратегијата за следниот период од 2024 година, која секако треба да биде продолжување на сработеното во насока на освојување на повеќе делови од женското претприемништво во функција на жените од бизнис светот.

 

Во заклучоците што ги даде Мими Шушлеска Петкова, секако дека Платфромата и тимот и сите вклучени е пред нови предизвици кои со оглед на досега постигнатото ќе ги оствари и ќе создаде основа за понатамоно нејзино функционирање во интерес на оние на кои им е најпотребна-жените претриемачи.

 

Проектот е имплементиран од: