НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Наградите на Националната платформа за женско претприемништво за 2022 во рацета на најдобрите

Наградите на Националната платформа за женско претприемништво за 2022 во рацета на најдобрите

На Вториот Самит за женско претприемништво, насловен како “Инспиративна иднина“, Националната платформа за женско претприемништво ги додели и двете веќе традиционални награди „Награда  за најдобра млада лидерка “ и награда “За најдобра граѓанска организација, добра практика“.

Претседателката на НПЖП, Валентина Дисоска ги додели наградите на Ирина Тростјанска, сопственичка на  ФИТ МИКС Студио Тростјанска ДООЕЛ, која ја понесе титулата “Најдобра млада лидерка“ во 2022 година. Ирина Тростјанска е магистер по економија вработена во Скопски плански ргеион. Спортот од детска опсесија и љубов и прераснал професионален  ангажман, кој ја вклучил во претприемачките води а упорната работа и ангажираност, со главна цел задоволни клиенти и постојани иновации во работата и ја донесоа оваа вредна награда. 

 

Наградата за “Најдобра граѓанска организација-добра практика“ ја доби, Верица Милевска-Стефановска од Комората за приватно обезбедување . Комората Милевска-Стефановска  ја води веќе 12 години и горда е на процесот на изготвување на актуелното законско решение за дејноста приватно обезбедување. Ова во изминатиов период  вршителите на дејност го прифатија како целосно применливо законско решение , што е од огромно значење за натамошно правилно функционирање на секоја дејност.

 

Наградите претставуваат и валоризација за сработеното но и поттик за понатамошна работа.  

 

 

Проектот е имплементиран од: