НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Совет на Европа – Завршен настан “Превенција и борба против трговија со луѓе “ во Западен Балкан и Турција

Совет на Европа – Завршен настан “Превенција и борба против трговија со луѓе “ во Западен Балкан и Турција

Денеска, одржаниот 7-от по ред Состанок на Управниот одбор,на Проектот Хоризонтален инструмент на ЕУ/Совет на Европа , “Проект за спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“-резултати и достигнувања, беше завршен хибриден настан.

На состанокот зборуваа претставници од ЕУ  во Скопје  како и Лилја Коломбет, Раководител на Одделот за соработка, Сектор за борба против трговија со луѓе, од  Советот на Европа и претставници на институции од државата кои се борат против трговијата со луѓе и илегална имиграција.

 

Дел од работната група беше и Валентина Дисоска, претседателка на Националната платформа за женско претприемништво и претседателка на Здружението на бизнис жени.

Состојбите кај нас се сеуште полни со стереотипи и предрасуди, каде жената во секоја форма ја ставаат во подредена положба. Заради економската зависност на жените тие се полесна цел на трговија со луѓе а и полесни жртви пред се поради стравот од осуда од страна на општеството, доколку јавно зборуваат за својата ситуација.

Токму заложбата на НПЖП и СБЖ е жените да станат економски независни и посигурни за да ги избегнат замките на наметнатите општествени и семејни норми со кои жената е поставена во подредена положба,  Како резултат од ваквата стереотипна појава е и семејното насилство врз жената, родовата поделеност и нефункционално семејство а оттаму и општество. 

Проектот е имплементиран од: