НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Охрид- Купувај локално и подржувај го женското претприемништво

Охрид- Купувај локално и подржувај го женското претприемништво

Во рамки на настанот “Купувај Локално“ со кој се поттикнува етно туризмот и развојот на женското претприемништво, Координаторката на Националната платформа за женско претприемништво во југозападниот плански регион Сузана Наумовска, потпиша Декларација за соработка и поттик на женското претприемништво со деканката на Факултетот за туризам проф Д–р Снежана Дичевска.

Покрај потпишувањето беше договорена и соработка во следниот период, во насока на поттик на студентките за прифаќање на предизвиците на претприемништвото и развој на женскиот бизнис свет во Охрид и целиот регион.

Настанот ја оправда целта а тоа е здружување на традицијата и младите како нова работна сила и насока за економско зајанување на младите. Секако ова се само почетни чекори во оваа патека која ќе отвори многу можности на младите.

 

Проектот е имплементиран од: