Почитувани членови, соработници и подржувачи на Националната платформа за женско претприемништво, еве не во деновите кога го заокружуваме работењето на нашата и ваша Платформа за 2022 година, која по многу нешта беше значајна и создаде основа за понатамошно работење и остварување на сите зацртани цели и задачи.
Остварените цели се навистина значајни и Тимот на Националната платформа заедно со сите членови им заблагодарува на сите подржувачи, институционални и индивидуални, кои помогнаа и помагаат на Националната платформа за женско претприемништво, проект помогнат од Европската Унија.
За да не следите, и дознаете кои се нашите активности на почетокот на 2023 година ги ставивме во функција:
-Порталот на Платформата-https://www.weplatform.mk , кој ги следи сите значајни активности, навремено информира а воедно и едуцира
Можете да ги следите нашите радио подкасти со жени претприемачки, и оние од невладиниот и јавниот сектор што го подржуваат женското претприемништво на единственото www.weradio.mk