НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на „Младински амбасадорки“ за женско претприемништво

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на „Младински амбасадорки“ за женско претприемништво

Проектот ,,Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)”, кофинансиран од Европската Унија објавува ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на „Младински амбасадорки“ за женско претприемништво во Југоисточен плански регион и Скопски плански регион.

 

Дата: 22 февруари 2023 година
                                                

Инструкции за апликанти

1. Вовед

Здружението на бизнис жени, со седиште на ул. Христо Татарчев бр.25/1,3 Скопје кое го спроведува проектот ,,Национална платформа за женско претприемништво,, во соработка со Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР  и Сојуз на стопански комори, објавува Јавен повик за ангажирање на „Младински амбасадорки“ за женско претприемништво

Цел на проектот:
Општа цел: Поттикнување и зајакнување на капацитетите на жени претприемачи и граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женско претприемништво со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.
Специфични цели:
– Градење на национална платформа за женско претприемништво како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;
– Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво;
– Одобрување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
– Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со женско претприемништво;
– Придонес кон видливоста и опфатот на платформата


2. Предмет на јавниот повик 

Прибирање на апликации за ангажирање на „Младински амбасадорки“ за женско претприемништво од Скопски и од Југоисточен плански регион, кои преку личен позитивен инспиративен пример, ќе го  промовираат и поттикнуваат иновативниот претприемачки  капацитет кај младите жени, истовремено промовирајќи активизам, комуникација, вмрежување на младите и градење на женски лидерски капацитети за подобрување на локалното опкружување поврзано со женското претприемништво

Опис на ангажман и работни задачи

Работата на амбасадорките вклучува активности во планскиот регион за кој се пријавува.
– Амбасадорките, секоја во својот регион,  ќе реализира  мотивациски говори и интервјуа со млади жени,  во образовна институција (училиште, факултет, академија, институт), со фокус на поттикнување и охрабрување на младите жени да ги активираат своите претприемачки,  лидерски капацитети и вештини, да исчекорат,  да започнат претприемачка кариера. Мотивациските говори треба да бидат презентирани врз основа на претходно изработена програма која ќе биде искомуницирана претприемништво; 
– Амбасадорките ќе ги промовираат пораките на  проектот кои ќе бидат презентирани
на ТВ и радио емисии;
– Секоја амбасадорка ќе придонесе за креирање на on-line содржините на кампањата за
женско претприемништво на порталот на „Националната платформа за женско претприемништво“, како и за прилозите на WEB радиото;
Ангажман:
– Амбасадорка во Скопски регион – 15 работни дена
– Амбасадорка во Југоисточен регион – 15 работни дена
Критериуми за избор
„Младински амбасадорки“ за женско претприемништво треба да ги исполнуваат следните критериуми:
– Најмалку 3 години искуство во активности поврзани со развој и промоција на женското претприемништво;

– Докажани во својата бизнис кариера  или  сопствен бизнис, стекнати врз основа на своите компетенции и искуство во претприемништво.
– Препознаeни во креирање и презентирање на претприемачки, и лидерски вештини;
– Високо развиени аналитички и комуникациски вештини;
– Изградени односи и релации со пошироките општествени чинители важни за развој на женското претприемништво;
– Докажани способности за планирање и организација и имплементација на активности од почеток до финално известување;
– На повикот можат да аплицираат полнолетни млади жени до 35  годишна возраст; 
Процедура за пријавување:
Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба да ги достават следните документи:
– Професионална биографија;
– Писмо за намера;
– Листа на референци;
– Понудена програма со предлог активности и визија  кои би биле дел од проектните активности во дадената временска рамка на проектниот ангажман;
– Финансиска понуда во бруто износ со вклучен персонален данок
Постапка за избор
Административна проверка:
Административна проверка на добиените понуди ќе овозможи утврдување на прифатливи понуди, предмет на евалуација, а кои ги исполнуваат сите барања.
Критериум за доделување на договорот
Критериуми за доделување на договорот е економски најповолна понуда. За носител на набавката ќе биде избран понудувач чија понуда ќе освои најголем број на бодови како збир на бодови за секој елемент на критериум економски најповолна понуда. Елементите на критериумот економски најповолна понуда се изразуваат со број на бодови во распон од 1 до 100 бодови кои редоследно се наведуваат според нивната важност, а нивниот вкупен збир изнесува 100 бодови.
Kритериуми за економски најповолно понуда се земаат следниве:
– Искуство (максимум 20 поени)
– Референци (максимум 10 поени)
– Програма (максимум 30 поени)
– Цена (максимум 40 поени)

Краен рок за поднесување апликации
Краен рок за доставување на целокупната документација е до 01 март 2023 (среда) година  по електронска пошта на адреса: [email protected].
Понудите што ќе бидат доставени по овој рок, нема да бидат земени предвид.

Проектот е имплементиран од: