Барање за прибирање на понуди за испорака на локални акции – обуки во 8 плански региони во рамки на проектот „Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)“, кофинансиран од Европската Унија
16.03.2023
Здружението на бизнис жени со седиште на ул. Христо Татарчев бр. 25, 1/3 1000 Скопје (Нарачател), кое го спроведува проектот „Национална платформа за женско претпримништво (NPWE)“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражување и Сојуз на Стопански комори на Македонија за спроведување на проектните активности, Ви доставува Барање за прибирање на понуди за испорака на локални акции – обуки во 8 плански региони.
Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да обезбеди фактура од Управата за јавни приходи без ДДВ, заради исплата на средства од грант на Европската Унија.
Цел на проектот:
Општа цел: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на ЖП со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.
Специфични цели:
Градење на национална платформа за ЖП како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;
Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од ЖП на национално и локално ниво;
Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за ЖП за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со ЖП;