НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Поддршка на жените претприемачи во областа на зелената и дигиталната транзиција’’– вебинар дел од Националната платформа за женско претприемништво

Поддршка на жените претприемачи во областа на зелената и дигиталната транзиција’’– вебинар дел од Националната платформа за женско претприемништво

Учењето од врсници е моќна алатка за зајакнување на практиката, координацијата, соработката и културата на учење во заедницата. Во Националната платформа за женско претприемништво, го поддржуваме овој процес со прикажување на добри практики на членовите на нашата заедница. Затоа, на 22-ри март, тимот на Националната платформа за женско претприемништво одржа вебинар на тема ,,Поддршка на жените претприемачи во областа на зелената и дигиталната транзиција’’, со инспиративни и мотивациони говорници, несебично споделувајќи ги своите добри практики, давајќи можност да се реплицираат или да се приклучат на постоечка, веќе работна практика.

Дигиталната и зелената трансформација носат многу придобивки за жените претприемачи кои се подготвени да прифатат промени, да го дематеријализираат пазарното растојание, да го елиминираат влезот и бариерите на некои пазари и отворање нови можности за компаниите. Пандемијата COVID-19 ни наметна нов начин на корпоративно работење со воведување на многу нови дигитални алатки кои можат да бидат ”пријатели на бизнисот”. Благодарение на дигитализацијата, информациите стануваат лесно достапни за употреба на различни платформи, уреди и интерфејси. И тоа е дигиталниот свет во кој денес живееме. Непишано правило е дека секојдневно се соочуваме со нови техники и алатки кон поуспешна зелена транзиција во нашите компании. Токму затоа во рамките на вебинарот отворено разговаравме за предизвиците и можностите со кои се соочуваат сите чинители во претприемачкиот еко систем во овој дигитален и зелен свет, со посебен осврт кон жените претприемачи.

Вебинарот преку интерактивен разговор се осврна на темата женско претприемништво и успешни практики во областа на зелената и дигиталната транзиција со три прекрасни говорнички кои стојат позади успешни организации и компании кои работат во полето на женско претприемништво. Првата говорничка беше Katerina Gkani која е е директор на првата женска енергетска задруга во Европа, WEnCoop добитник на национални и европски награди, од категоријата „Зелена транзиција“, во Европските награди за промоција на претпријатија – EEPA 2022, и е одговорна за Секретаријатот на Грција Здружение на жени претприемачи – СЕГЕ. На денешниот вебинар ја донесе успешноста која стои позади нејзиниот успех во организацијата во која работи но и можностите кои тие ги нудат во СЕГЕ за жените претприемачки.

Веднаш по неа зборуваше Leila Maidane социјален претприемач фокусирана на зајакнување на луѓето преку технологијата. Таа ја започнала својата кариера во ИТ консалтинг каде што водела меѓународни проекти за дигитална трансформација пред да одлучи целосно да се посвети на своето претприемачко патување. Таа ја основала Femmes Fières во 2017 година за да ги поттикне жените претприемачи да ја обликуваат иднината благодарение на технологијата, му се придружила на MolenGeek како КОО во 2019 година за поддршка на компанијата и раст и го основа BeGreator во 2020 година, технолошки стартап кој развива иновативни решенија за да ја олесни транзицијата од образование на работа. Преку нејзината приказна таа сподели дека патот на една успешна жена претприемачка е исполнет со многу непредвидливи ситуации во кои постојано се бираат патеките на работа и таа самата постојано гледа да биде вклучена во повеќе мрежи и групи се со цел да постигне и добие повеќе од дигиталниот свет. Покрај можностите кои се нудат таа е и промотор на дигиталните алатки во Европа со совети кои им наоѓаат голема примени на сите жени претприемачки.

Во последниот дел зборуваше Мирјана Јосифоска која е основачка на првиот македонски дизајнерски бренд на шапки, произведувајќи шапки и модни додатоци за коса од материјали од природно потекло и текстилни остатоци. Брендот има имплементирано zero-waste техники на кроење, со цел намалување на производствениот отпад. Од останатите отпадоци, се изработуваат стегачи за коса, со цел да се елиминира отпадот колку што е можно повеќе. Преку нејзиниот пример погледнавме колку е битна интеграцијата на жените во различните натпревари, семинари и работилници кои се насочени за одржлива мода. Самата таа ни презентираше и дел од навиките кои се потребни во делот на одржливост и како да ја помогнеме циркуларна економија на повисоко ниво.

По своето излагање говорничките добија прашања од публиката на кои тие дадоа свој осврт и ги мотивираа и помогнаа жените со дополнителни плус стимулации за како да ги покренат своите бизниси во полето на зелената и дигиталната трансформација.

Модератор на настанот беше Емилија Андонова, проектен менаџер од Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и координатор за градење на капацитети во Национална платформа за женско претприемништво.

Вебинарот понуди одлична можност за вмрежување, врсничко учење и споделување на добри практики со цел да се подобри поддршката што ефикасно им се дава на жените претприемачи.

 

Вебинарот може да го погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=HmLxml4F3K4

 

Овој вебинар е дел од серијата вебинари за врсничко учење на Национална платформа за женско претприемништво за пренесување на знаењето на Европски реномирани компании и организации кои работат во полето на женско претприемништво. Националната платформа за женско претприемништво се спроведува од страна на Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Здружение на бизнис жени и Сојуз на стопански комори на Македонија.

Проектот е имплементиран од: