НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Совети од 30 жени претприемачки

Совети од 30 жени претприемачки

Жените претприемачи ја претставуваат најбрзо-растечката категорија на претприемништво на глобално ниво и значително придонесуваат за создавање на нови работни места, зголемување на БДП и економски развој. Основањето на сопствен бизнис е важен извор на лични приходи, вработување, иновации и економски раст. 

 

Главна мотивација за жените да започнат сопствен бизнис е желбата за поголема независност, можноста за поголема заработка и подобрата рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот. Жените, од почнување сопствен бизнис најмногу ги одвраќа немањето пристап до финансирање под поволни услови, неволноста да се преземе ризик и ниската самодоверба. Најчести предизвици со кои се соочуваат жените претприемачи се тешкотии во пристап до финансирање, недостиг на поддршка од соодветните државни институции и обврските за грижа за членови на семејството.

 

Податоците укажуваат дека се потребни дополнителни напори од сите засегнати чинители за подобрување на деловното опкружување и поттикнување на жените да започнат сопствени деловни потфати.

 

Националната платформа за женско претприемништво, со активностите на вмрежување на стеикхоледите, креирањето предлог политики, обуките и промовирањето на можности и успешни примери за женско претприемништво е посветена на зголемување на факторите на мотивација и подобрување на условите во опкружувањето, со цел да се поттикнат жените за создавање на сопствен бизнис и нивно економско јакнење.

 

Валентина Дисоска,

претседателка на Здружението на бизнис жени и

Националната платформа за женско претприемништво

 

2022 година

Е-книгата „Совети од 30 жени претприемачи може да ја преземете на следниов линк.

Проектот е имплементиран од: