За проектот
Проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста меѓу младите” го спроведува Националниот младински совет на Македонија во соработка со Stella Network. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје, а неговата цел е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени на возраст од 15 до 29 години во Северна Македонија да бидат поактивни во општеството и да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и со тоа во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.
Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три компоненти, и тоа:
- Улогата на жената во општеството – разбирање на концептите за родова еднаквост во креирањето и спроведувањето на политиките (национална анализа за нееднаквоста помеѓу младите, национална кампања за покревање на свест за родова еднаквост, локални јавни настани за поддршка на млади девојки);
- Програма за одржливо менторство за жени, особено на локално ниво (менторство, обука за наставници, поддршка на локални младински совети, поддршка на локални младински иницијативи, креирање на локални младински стратегии);
- Овозможување економска независност за младите жени и девојки (кариерно советување, практикантство, мобилна апликација за практиканти).
За повикот
Во склоп на компонентата за овозможување економска независност за младите жени и девојки (кариерно советување, практикантство, мобилна апликација за практиканти), Националниот младински совет на Македонија отвара повик за правни субјекти (граѓански организации и претпријатија) кои сакаат да бидат дел од практикантска програма која ќе им помогне на младите да се стекнат со работно искуство и работни вештини преку кои ќе ја зголемат својата компететивност на пазарот на трудот. На овој начин, НМСМ ќе делува како посредник помеѓу младите заинтересирани за практиканство и правните субјекти кои сакаат да работат со практиканти, односно ќе селектира соодветен практикант согласно потребите на правниот субјект.
Услови и бенефиции од учество во програмата
Граѓанските организации и претпријатијата кои ќе се пријават за практикантската работа ќе добијат:
- Поврзување со соодветен практикант во согласност со потребите на правното лице од страна на НМСМ;
- Покривање на бруто месечен надомест од 150 фунти месечно во времетрање од два месеци за практикантот;
- Поддршка во процесот на менторирање на практикантот;
- Потенцијал за обликување и градење на нов кадар во организацијата преку практикантската програма;
Правните субјекти кои имаат желба да примат практикант, треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да имаат најмалку еден вработен
- Да имаат регистрирано профил на careerhub.mladihub.mk
- Да имаат својство на правно лице.
Правните субјекти кои сакаат да бидат дел од програмата за финансиска поддршка за реализација на практиканство ќе биде потребно да:
- Назначат одговорно лице кое ќе го менторира практикантот;
- Назначат одговорно лице кое ќе комуницира со НМСМ за потребите на практикантската програма;
- Праќаат месечен извештај за напредокот на практикантот;
- Го оценат задоволството од учеството во ваквата програма по нејзиниот завршеток.
Сите правни лица за кои НМСМ ќе мапира соодветен практикант ќе бидат контактирани со цел поврзување со практикантот и подготовка за реализација на практиканството. НМСМ ќе понуди целосна поддршка во времетраење на практикантската програма. Практикантската работа се очекува да започне најрано од јули a да заврши до крајот на 2023 година.
Начин на апликација
Заинтересираните граѓански организации и претпријатија треба да го изразат својот интерес преку пополнување на пријавата која е достапна на следниот линк. Пријавата треба да биде пополнета не подоцна од 18.06.2023 година, на полноќ. Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на [email protected] или на 070 399 058.