НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Повик за членовите на НПЖП за учество во студиска посета

Повик за членовите на НПЖП за учество во студиска посета

 

Националната платформа за женско претприемништво – НПЖП организира студиска посета за учење меѓу врсниците/колегите за да поттикне вмрежување со други европски врсници/колеги, размена на добри практики и создавање партнерства.

 

Студиската посета за учење од врсници/колеги се очекува да постигне повеќе цели, вклучувајќи:

  • стекнување увид во иницијативите;
  • зајакнување на практиката во рамките на платформата, но и зајакнување на соработката;
  • координација и култура на учење.

Вкупно учесници на оваа студиска посета ќе бидат 10 членови на Националната Платформа за женско претприемништво.

 

  • Кој може да аплицира за учество во студиската посета и кои се условите?
  • Претставници на организации и институции кои се членови на Националната платформа за женско претприемништво и кои имаат потпишано Декларација за соработка со НПЖП;
  • Изборот на членови ќе биде направен согласно придонесот и мотивацијата кој ќе биде прикажан во самата форма за апликација како и  опис на follow up настан кој ќе биде организиран за споделување на искуството стекнато на студиската посета

 

  • Што е покриено?

Патни трошоци, сместување и храна (појадок, ручеци, вечери и освежување за сите учесници во студиската посета.

 

  • Кога ќе се одржува студиската посета?

Временската рамка за организација на студиската посета ќе биде септември – ноември 2023 година

 

  • Каде ќе се одржи студиската посета?

Организацијата/институцијата домаќин ќе обезбеди поддршка за резервација на хотелот за учесниците во студиската посета и ќе обезбеди различни локации за посетата. Точната земја во која ќе се одржуваат студиските посети ќе биде дополнително објавена.

 

  • Зошто да аплицираш за оваа студиска посета?

 

Интерактивно и ефективно учење

Целта на студиската посета, се разбира, е да научи и да стекне нови вештини и знаења. Студиските посети ве носат надвор од училниците или салите за состаноци за да добиете практично искуство за учење.

 

Вратете се на работа полни со нова енергија и знаења

Се разбира, главната причина поради која правите студиско патување е да стекнете нови искуства, нови вештини и знаења кои ќе ги понесете дома со вас. Вработените ќе се вратат на работа со полни со енергија чувствувајќи се исполнети, образовани и исполнети со нови идеи кои ќе ги споделат со своите колеги.

 

 Аплицирај

Поднесете ја вашата апликација до 31 јули 2023 година на следниот линк: https://forms.gle/Z9pV1o6F6FtxY8nL8

 

Агендата ќе биде споделена по направениот избор на учесници заедно со деталите за студиската посета во која учесникот ќе биде избран!

 

Проектот е кофинансиран од ЕУ и сите трошоци за студиската посета ќе бидат покриени во рамките на овој проект.

 

Повеќе информации за претходната студиска посета и фотографии од истата може да погледнете на следниот линк

Проектот е имплементиран од: