Јавен повик за ангажирање на локална координаторка во рамки на проектот „Национална платформа за женско претприемништво” за Вардарски плански регион
Сојузот на стопански комори на Македонија како партнер во спроведување на проектот „Национална платформа за женско претприемништво”, кофинансиран од Европската Унија, во соработка со Здружение на бизнис жени и Фондација за менаџмент и индустриско истражување, објавува Јавен повик за ангажирање локален координатор на Хаб за Вардарски плански регион.
Инструкции за апликанти
ВОВЕД
Сојузот на стопански комори на Македонија со адреса ул. Црвена Скопска Општина бр.10 (Нарачател), како партнер во спроведување на проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка со Здружение на бизнис жени, како водечки носител за спроведување на проектните активности и Фондација за менаџмент и индустриско истражување , објавува Јавен повик за ангажирање на локална координаторка на Хаб за следниот плански региони:
Вардарски Плански Регион – Општина Свети Николе, Општина Велес, Општина Лозово, Општина Чашка, Општина Градско, Општина Росоман, Општина Неготино, Општина Демир Капија и Општина Кавадарци.
Цел на проектот:
Општа цел: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женско претприемништво со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.
Специфични цели:
Градење на национална платформа за женско претприемништво како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;
Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво;
Одобрување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со женско претприемништво;
• Придонес кон видливоста и опфатот на платформата.