НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Совети за развој на бренд на производ / бизнис

Брендот е сет од елементи кој помага бизнисот значително да се разликува од другите на пазарот и да биде лесно препознатлив. Бреднот е директно поврзан со нивото на доверба во еден бизнис.

Елементи на брендот се:

  • Глас и личност на брендот
  • Идентитет на брендот
  • Вредности
  • Ветување
  • Позиционирање
  • Имиџ
  • Искуство на бреднот
  • Капитал на брендот


Глас и личност на брендот. Гласот на брендот е конзистентна личност и емоции што ги внесувате во комуникациите на вашата компанија. Личноста на брендот е исто како личноста на човечките суштества. Тоа се одредени емотивни или лични квалитети што ги поврзуваме со одреден бренд. На пример, младоста можеме да ја поврземе со Coca Cola. Секој елемент од идентитетот на брендот, вклучувајќи ја бојата, логото и типографијата, придонесува за развој на личноста. Гласот и личноста помагаат да го хуманизирате вашиот бренд, да ги покажете вашите вредности и да се разликувате од конкурентите.

Идентитет на бреднот. Идентитетот на брендот се однесува на визуелни аспекти на вашата компанија кои се препознатливи за потрошувачите. Идентитетот на брендот ја вклучува палетата на бои, логото и фонтовите на вашата компанија, како визуелно се претставувате на социјалните медиуми и преку веб-страницата на компанијата. Идентитетот на брендот се однесува и на физичката презентација на вашата компанија, вклучувајќи го и начинот на кој го дизајнирате вашето пакување и други опипливи аспекти на вашиот бренд.

Вредности на брендот. Вредностите на брендот се водечки принципи и верувања за кои се залага вашата компанија. Со усогласување на вашиот бренд со нешто поголемо и позначајно од самата компанија, помага вашите клиенти да може да се поврзат преку споделување на истите вредности како и ваѓиот бренд. Пример за вредности на бреднот се: заштита на животната средина, родова еднаквост, солидарност и др.

Ветување на брендот. Вашето ветување на брендот е презентирање на уникатната вредност што вашиот бизнис ја обезбедува на клиентите. Ова ги вклучува визијата и мисијата на вашата компанија, како и вредностите на брендот и уникатната предлог вредност. Колку повеќе активностите на компанијата се усогласени со ветувањето на брендот, толку повеќе доверба и лојалност ќе се создава помеѓу потрошувачите. Еве дванаесет примери на привлечни ветувања за брендот. Пример за ветувања на бендот се слоганите на компаниите: Apple: “Think different.” Coca-Cola: “To inspire moments of optimism and uplift.” Во ветувањето е важно да се внимава да не се јави јаз, како резултат на делување на пазарот различно од она што се ветува.

Позиционирање на брендот. Позиционирањето на брендот се однесува на сликата за бреднот во очите на потрошувачите, наспроти конкурентските понуди на пазарот. Позиционирањето се базира на таргетирањето, т.е. позицијата треба да ги отсликува очекувањата, преференциите и навиките на избраните целни групи клиенти и да овозможи разликување на брендот од конкурентите. Позициите можат да бидат различни: потекло, споредба со конкуренти, уникатни состојки, полот на потрошувачите и др.  

Имиџ на бреднот. Имиџот на брендот е сликата за бреднот во умот на потрошувачите (нивната лична перцепција, на основ на маркетинг напорите на компанијата). Во оваа насок, особено е важно најпрво да се осознае како размислуваат нашите потенцијални клиенти, пред да се вложат пари во маркетиншки активности.

Искуство на брендот. Искуството со брендот е комбинација од сето она низ кое поминува клиентот додека го купува и користи тој бренд. На пример, како се чувствува некој додека нарачува, како се однесува персоналот, колку брзо испорачуваат, каков е вкусот, мисирот, хигиената, стандардизацијата, итн.

Капитал на брендот. Капиталот на брендот е вредноста на брендот. Може да вклучува опиплива финансиска вредност како што се пазарниот удел и приходи, како и нематеријални аспекти, како што се стратешките придобивки од брендот.

За да се почне развој на брендот, потребно е најпрво да се направи истражување на пазарот, за да се разбере целната публика и како таа го перцепира вашиот бренд во споредба со конкурентите. На основ на нивните размислувања, може да се креираат пораки и визуелни елементи кои ќе им бидат прифатливи и привлечни.  

Во процесот на брендирање, особено е важно да се запази доследноста – употреба на сите елементи на вашиот бренд доследно на сите канали и платформи, онлајн и офлајн. Воедно, се препорачува и мерење и подобрување на брендот со тек на време.

Креирањето на силен бренд е долгорочен процес, за кој се препорачува консултација на експерти во областа, за да се минимизираат грешките и да се овозможи брендот да стане значајна конкурентска предност на бизнисот.



Проектот е имплементиран од: