НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ на тема „Безбедност и гаранција на производи“

Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ на тема „Безбедност и гаранција на производи“

Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ  за поддршка и развој на  женско претприемништво на тема „Безбедност и гаранција на производи“ во рамки на проект

 

„Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)“, кофинансиран од Европската Унија

 

Скопје, 15.09.2023

 

Инструкции за апликанти

 

  1. ВОВЕД

Здружението на бизнис жени со седиште на ул. Христо Татарчев бр. 25, 1/3  1000 Скопје (Нарачател), кое го спроведува проектот „Национална платформа за женско претпримништво (NPWE)“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражувањ и Сојуз на Стопански комори на Македонија, објавува Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ за поддршка и развој на женското претпиемништво на тема „Безбедност и гаранција на прозиводи“.

Цел на проектот:

Општа цел: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на ЖП со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Специфични цели:

  • Градење на национална платформа за ЖП како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;
  • Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од ЖП на национално и локално ниво;
  • Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за ЖП за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
  • Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со ЖП;
  • Придонес кон видливоста и опфатот на платформата.

 

  1. ЦЕЛ И СТРУКТУРА НА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИМНИШТВО

Креирањето на Национална платформа за женско претпримништво, во понатамошен текст НПЖП, произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба за женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја. Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст.

При дизајнирање на структурата на управување на НПЖП се користи четирислоен пристап: 1) Совет на НПЖП, 2) Оперативните групи 3) Хабови за координација на активности на регионално ниво; и 4) поширока заедница на НПЖП. Советот  е  највисока структура на управување составен од лимитиран број на членови кои имаат највисоко влијание во адресираните области

 

  1. ОПИС НА АНГАЖМАН И РАБОТНИ ЗАДАЧИ

Ангажманот предвиден во овој повик е потребен заради изработка на документ во рамки на проектот НПЖП.

Работни задачи:

  • Подготовка на документ за развој и поддршка на женко претпримништво на тема ,,Безбедност и гаранција на прозиводи,,
  • Временска рамка за подготовка на документот е 10 работни дена
  • Документот треба да прикаже детална анализа на моменталната состојба во Република Северна Македонија во однос на дадената тема
  • Документот треба да содржи анализа на регионално, европско и светско ниво за состојбите и препораките во однос на дадената тема
  • Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

 

Повикот може да го преземете на следниот ЛИНК

Проектот е имплементиран од: