09 Oct Самит 2023 / 23-24 ноември
Национална платформа за женско претприемништво во Македонија , во организација на Здружениетo на бизнис жени, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Сојуз на стопански комори на Македонија, кофинансиран од ЕУ , има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политики и застапување во областа на женското претприемништво, со тоа што се соединија постојните мрежи за ЖП во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.
Зајакнувањето на женското претприемништво не може да се оствари без поврзани политики, програми и иницијативи за промена на рамките на општествениот систем на вредности, како и на институционалната инфраструктура која ја поддржува родовата избалансираност во секојдневните обврски во рамките на семејството, особено во поглед на децата и постарите лица.
Токму затоа насочувањето на вниманието на женското претприемништво се повеќе е важен дел за економскиот живот, со освојување и обезбедување на нови можности.
Затоа НПЖП – Националната платформа за женско претприемништво, Самитот за 2023 година ќе го одржи на 23 и 24 ноември 2023, одбележувајќи го Светскиот ден на женското претприемништво и приклучувајќи се кон политиките за негов развој на национално и светско ниво.
Денот на женското претприемништво е ден на кој се разгледува и дискутира работата на жените претприемачи, и се одбележува секоја година на 19 ноември. Како ден на женското претприемништво се одбележува од 2014 година, кога е за прв пат промовиран во ОН во Њујорк. Тоа е ден кога жените претприемачки се промовираат и се разговара за нивните предизвици, можности и успеси. А, како свој ден го имаат прифатено 144 земји во светот.
Главната цел на Самитот е да се зголеми видливоста и профилот на Платформата и придобивките што таа ги обезбедува за засегнатите страни и женското претприемништво. Настанот ќе има меѓународно учество со повеќе од 100 учесници и ќе обезбеди единствен пристап во споделување на најдобрите практики и идеи за промоција, развој и поддршка на женското претприемништво. Дискусијата помеѓу присутните претставници од различни институции, организации и жени претприемачи, кои се значајни за развојот на екосистемот за женско претприемништво, ќе резултира со заклучоци насочени кон подобрување на актуелните предизвици со кои се соочува овој сектор.
На самитот на 23 ноември 2023 година ќе се организираат и Б2Б средби подржани од Град Скопје, со цел развој на регионална економска соработка, нови деловни врски, можности за соработка, развој на економскиот пазар, идентификација на потенцијални партнери, промоција на бизнисот и компатибилност меѓу жените претприемачи во Северна Македонија и регионот.
Во рамки на Самитот е предвидено доделување на награда за избор на жена претприемач во микро, мали и средни компании во која активно секоја година се вклучува Министерството за економија, препознавајќи го потенцијалот на жените претприемачи и потребата истиот да биде подржуван и поттикнуван. Ќе бидат доделени и награди за најуспешна млада лидерка и граѓански организации.
За повеќе информации околку Самитот и пријавувањето за истиот следете не на weplatform.mk