20 Oct Елементи на бизнис модел
Бизнис моделот Канвас опишува како компанијата создава, испорачува и стекнува вредност за своите клиенти, на еден лист хартија.
Овој бизнис модел, многу често се бара како дел од документи во процеси на финансирање на бизнисот или во бизнис натпревари.
Постојат неколку елементи кои го сочинуваат бизнис моделот Канвас, како што се:
- Предлог вредност – уникатната вредност што една компанија ја нуди на своите клиенти, преку проблемот кој го решава, потребите кои ги задоволува, корисностите кои ги креира и како тоа го прави поразлично од конкурентите.
- Сегменти на клиенти – специфичните целни групи на клиенти кои ги таргетира компанијата – профил на потрошувачи, бизниси или владини и други институции.
- Канали – различните начини на кои компанијата ќе стигне до и ќе комуницира со своите клиенти, како на пример веб-платформа, социјални медиуми, физичка продавница, агенти за продажба и др.
- Маркетинг и односи со клиенти – маркетинг активности и материјали кои ќе бидат креирани за комуникација и продажба, како и односите кои ќе бидат воспоставени со клиентите – трансакциски или долгорочни.
- Клучни ресурси – средствата и ресурсите што се потребни за да ги создадете, испорачате и наплатите креираната вредност (материјални, човечки ресурси или интелектуална сопственост).
- Клучни активности – сите важни активности кои треба да бидат преземани за да се создаде, испорача и наплати вредноста.
- Клучни партнери – надворешни организации или индивидуи со кои треба да се соработува за да помогнат во создавањето, испораката или наплатата на вредноста.
- Структура на трошоци – сите трошоци кои ќе бидат направени при создавањето, испораката и стекнувањето вредност (производство, маркетинг, дистрибуција, плати и др.).
- Текови на приходи – како компанијата ќе генерира приходи, како на пример продажба на производи или услуги, рекламирање, претплата, провизии или друг начин.
Сите овие елементи се меѓусебно поврзани и најчесто, промена кај еден од нив, води до промена кај останатите. Бизнис моделот може многу да варира во различни сектори, индустрија и обем на бизнис, поради што, описот на овие елементи значително може да се разликува во различни ситуации.
Пред креирање на сопствен бизнис модел Канвас, се препорачува анализа на примери од истата или слична дејност.