НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

САМИТ 2023 – ЖЕНИ ВО ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО – КЛУЧ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА

Почитувани членови и соработници на Национaлната платформа за женско претприемништво, Здружение на бизнис жени во партнерство со Фондација за менаџмент и индустриско истражување и Сојуз на стопански комори на Македонија Ве поканува на Трет годишен Самит на Национална платформа за женско претприемништво на тема

“ЖЕНИ ВО ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО – КЛУЧ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА”.

Самитот се организира како годишен настан на проектот „Национална платформа за женско претприемништво (НПЖП)“, кофинансиран од Европската Унија, а ќе се одржи на 23ти и на 24ти ноември 2023 година во хотел Мериот, Скопје.

Главната цел на Самитот е да се зголеми видливоста и профилот на Платформата и придобивките што таа ги обезбедува за засегнатите страни и женското претприемништво.
Настанот ќе има меѓународно учество со повеќе од 100 учесници и ќе обезбеди единствен пристап во споделување на најдобрите практики и идеи за промоција, развој и поддршка на женското претприемништво. Дискусијата помеѓу присутните претставници од различни институции, организации и жени претприемачи, кои се значајни за развојот на екосистемот за женско претприемништво, ќе резултира со заклучоци насочени кон подобрување на актуелните предизвици со кои се соочува овој сектор.

На самитот на 23 ноември 2023 година ќе се организираат Б2Б средби, кои се финансиски поддржани од Град Скопје со цел развој на регионална економска соработка, нови деловни врски, можности за соработка, развој на економскиот пазар, идентификација на потенцијални партнери, промоција на бизнисот и компатибилност меѓу жените претприемачи во Северна Македонија и регионот. За да се учествува на Б2Б средбите, заинтересираните претприемачки, треба да се пријават на следниот линк: B2B MATCHMAKING – Women Entrepreneurship – SUMMIT 2023 (talkb2b.net)

На Самитот ќе бидат доделени и 5 награди, три од Министерството за економија: најуспешна претприамчка во микро, мали и средни претприајтија а Националната платформа ќе ги додели наградите за Најдобра млада лидерка и за најдобра граѓанска организација -добра практика.

Резервирајте го Вашето место на Самитот за присуство на следниот линк

Пријава за учество на настан „,Женско претприемништво – Клуч за зајакнување на економијата,“
Трет годишен Самит на Национална платформа за женско претприемништво



Проектот е имплементиран од: