НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Јавен повик за награда за најуспешна млада лидерка 2023

Јавен повик за учество на конкурс за доделување на награда за најуспешна млада лидерка 2023

 

Јавниот повик е во рамки  на проектот “Национална платформа за женско претприемништво” чија главна цел е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлог јавни политика и застапување во областа на женското претприемништво, со спој на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Специфични цели на проектот се: градење на Национална Платформа за ЖП како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси; олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од ЖП на национално и локално ниво; подобрување на капацитетите на граѓанските организации за ЖП за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти; промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика.


Во рамки на активностите на проектот е предвидено и одржување на самит на проектот ,,Трет годишен Самит на Национална платформа за женско претприемништво – Женско претприемништво – Клуч за зајакнување на економијата,, кој  ќе се одржи на 23 и 24 ноември во Скопје. Главната цел на Самитот е зголемување на видливоста и профилот на платформата и придобивките што ги обезбедува истата, за засегнатите страни и за женското претприемништво. Ваквиот пристап обезбедува  можност заедницата на платформата да се собере за да се споделат најдобрите практика и идеи, и да промовира политики што го поддржуваат женското претприемништво.

Во рамки на програмата на Самитот  е предвидено доделување на награда за најуспешна млада лидерка.

Доколку сакате да бидете дел од овој Самит и да станете потенцијален добитник на наградата, пополнете го и испратете го следниот формулар најдоцна до 10 ноември. За резултатите од конкурсот навремено ќе бидете известени. 


Формулар Јавен повик за учество на конкурс за доделување на награда за најуспешна млада лидерка 2023



Проектот е имплементиран од: