НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

САМИТ 2023 – РАБОТИЛНИЦИ ЗА ФИНАНСИИ, ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ И ОДНОСИ СО ИНВИСТИТОРИ

На вториот ден од одржувањето на Самитот за женско претприемништво “Жени во претприемништвото – Клуч за зајакнување на економијата“, во петок на 24.11.2023, од 11:50 часот ќе се одржат две работилници на тема финансии, за сите заинтересирани жени претприемачки.

Во првиот дел “Финансиски менаџмент“ , предавач ќе биде Проф. д-р Александар Наумоски  кој е редовен професор на Економскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој е раководител департманот за постдипломски студии по Корпоративен финансиски менаџмент. На додипломските студии ги предава предметите финансиски менаџмент, економија инвестиции и менаџмент на ризик, а на магистерските студии предава корпоративна финансиска стратегија, менаџмент на ризик и финансиски менаџмент. Пред да ја започне својата академска кариера, работел во Народната банка на Република Македонија во секторите за банкарска супервизија и банкарска регулатива. 

Работи за Центарот за извонредност во финансии од Љубљана, Словенија како обучувач за програмите за сертификација PACT и TIAPS во Македонија според наставната програма развиена од страна на Chartered Institute of Public Finance and Accountancy (CIPFA) од Лондон,UK. Одржува предавања за модулите по Финансиски менаџмент, Финансиско сметководство, и Напредно сметководство и финансиско известување.

На втората работилница на тема “Обезбедување финансии/односи со инвеститори“ , предавач ќе M-р Драган Вангеловски кој е сопственик компанијата ВИДРА – Бизнис Аналитикс и Компјутерско инженерство, која се занимава со развој на софтвери за продажба и има сопствен извозен продажен контакт центра, а исто време врши и обуки за Деловна аналитика и изработка на софтвер аналитички потреби. 

Драган Вангеловски е Дипломиран Магистар по Бизнис Администрација на Универзитет Америка Колеџ во Скопје. Има големо искуство во Аналитката и развојот на компаниите. Има работено во повеќе компании од областа на конфернциска пордажба, финансии, и развој на претријатија и пронаоѓање на соодветни деловни финансиски партенери. 

Има активно учествувано на првиот Регионален Самит за финансии и средби помеѓу сопанствениците (Regional Finance fair and matchmaking Event), Скопје, Балкански инвестициски форум (Balkan Venture Forum) во организација на Crimson Capital, Скопје.



Проектот е имплементиран од: