НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

,,Femme digital: Пионерство во иднината на женското претприемништво”

,,Femme digital: Пионерство во иднината на женското претприемништво”

Во светлината на постојаните промени во бизнис-светот и растот на дигиталната економија, Националната платформа за женско претприемништво го имплементираше последниот вебинар под наслов “Femme Digital: Пионерство во иднината на женското претприемништво” како дел од Серијата на вебинари организирани овие три години.

Овој виртуелен настан се вклучува во иницијативата за поддршка и подигнување на жените во светот на претприемништвото, обезбедувајќи излагања со водечки женски претприемачки фигури и истакнати експерти во областа на дигиталниот бизнис.

Вебинарот “Femme Digital: Пионерство во иднината на женското претприемништво”, посветен на жените кои се стремат кон успешно водење на своите бизниси и раководење со свои претприемачки вештини. Водечки женски претприемачи и специјалисти во областа на дигиталните технологии споделија свои искуства, совети и успешни стратегии за успешно претприемништво во претприемачкиот свет.

Темите кои се покрија во овој вебинар се:

  1. Иновации во дигиталното претприемништво: Како да бидете иновативни и успешни во дигиталната ера.
  2. Лидерство и водење: Предизвиците за жените претприемачи во современиот бизнис свет.
  3. Дигитален маркетинг: Техники и стратегии за успешно продвижување на вашиот бизнис на онлајн пазарот.
  4. Кариера и личен развој: Како жените можат да изградат успешна кариера и воедно да го негуваат личниот развој.

Учењето од врсници е моќна алатка за зајакнување на практиката, координацијата, соработката и културата на учење во заедницата. Во Националната платформа за женско претприемништво, го поддржуваме овој процес со прикажување на добри практики на членовите на нашата заедница. Затоа, на 04ти декември 2023, тимот на Националната платформа за женско претприемништво одржа вебинар на тема ,,Femme digital: Пионерство во иднината на женското претприемништво”, со инспиративни и мотивациони говорници, несебично споделувајќи ги своите добри практики, давајќи можност да се реплицираат или да се приклучат на постоечка, веќе работна практика.

Вебинарот преку интерактивен разговор се осврна на темата женско претприемништво и успешни практики во областа на дигиталната транзиција со три прекрасни говорнички кои стојат позади успешни компании кои работат во полето на женско претприемништво. Модератор на овој вебинар беше Емилија Андонова, програмска координаторка во Фондација за Менаџмент и инудтсриско истражување и Координатор за јакнење на капацитети во Националната платформа за женско претприемништво.

Првата говорничка беше Apasia Iordanidou која работела како професор по француски јазик во многу училишта и институти за странски јазици неколку години и од 2020 година го основала Yarn како онлајн платформа. Позади Yarn е тим од тројца млади наставнички кои се активни во наставата на странски јазици со инспирација, креативно расположение и свежи идеи. Целта на платформата е да создаде динамична заедница на доверливи наставници по странски јазици. Преку него, наставниците можат да ги прошират своите хоризонти, да се запознаат со други наставници, да разменуваат идеи и гледишта и меѓусебно да се зајакнуваат. Поради оваа причина, организираат месечни едукативни настани како што се вебинари, работилници во живо и сесии за вмрежување со цел да се прилагодат на барањата на современото општество. На овој вебинар ја донесе успешноста која стои зад нејзиниот успех во Yarn во која работи но и можностите кои тие ги нудат за жените претприемачки.

Веднаш по неа зборуваше Hana Qerimi која е ко-основач на две платформи Shkolla Digjitale и StarLabs. Shkolla Digjitale, основана во 2015 година во Приштина, прераснала од мала локална иницијатива во компанија која го направла најголемиот курс за кодирање за возраст од 8 до 18 години во земјата, со филијали во Косово и градови низ светот, вклучувајќи ги Германија, Мексико, Бразил, Мароко, Тунис, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија. Со повеќе од 3.000 активни студенти во Косово и преку 10.000 на глобално ниво, Shkolla Digjitale го менува образовниот пејзаж. StarLabs, основана во 2017 година, е компанија за развој на софтвер и најголем работодавач на програмери во Косово, со повеќе од 180 развивачи на софтвер за глобален пазар. Преку своите искуства, таа разоткрива дека патот кон успешното претприемништво за жени е исполнет со многу неочекувани предизвици. Во овие ситуации, постојано се потребни одлуки во врска со работните патеки, додека самата таа неуморно се обидува да се вклучи во различни мрежи и групи. Освен тоа, нејзината активност како промотор на дигитални алатки во Европа со советите што ги споделува, има голема важност за жените претприемачки, откривајќи им нови можности и примени.

Во последниот дел зборуваше Елизабета Јовановска која е основачка на Бест Онлајн Асистент платформата  со искуство од 2 децении во продажба како Комерцијален Директор и Обучувач на продажни тимови во FMCG секторот. Во 2020 ја креира платформата Бест Онлајн Асистент – 3 во 1 платформа за едукација, кариерен развој и различни видови на вработување на лица со попреченост со која заради уникатноста и иновативниот пристап освојува многу светски награди, од која најистакната е Награда за најиновативено решение во ИТК секторот во Обединети Нации заедно со Google и добива прознание дека со нејзиниот модел решава проблем на 5% од населението во светот. Евалуирана од страна на 600 експерти од целиот свет се стекнува со титулата “Accessibility Expert”. Како мост кој ги спојува лицата со попреченост и бизнис секторот, со својот модел во 1 година успева да вработи 65 лица со попреченост. Говорник за Инклузија, дихитализација и женско претприемништво на повеќе од 50 светски настани, ментор и едукатор за Социјално претприемништво, специјален едукатор за Дигитални вештини за маргинализирани групи. Член на многу асоцијации за подршка на жени претприемачи со својата работа се стекнува со титулата Women`s Entrepreneurship Expo Ambassador, доделена од UN WOMEN, по што станува и Национален консултатнт за подршка на Саем за Женско претприемништво.

По своето излагање говорничките добија прашања од публиката на кои тие дадоа свој осврт и ги мотивираа и помогнаа жените со дополнителни плус стимулации за како да ги покренат своите бизниси во полето на дигиталната трансформација.

Вебинарот понуди одлична можност за вмрежување, врсничко учење и споделување на добри практики со цел да се подобри поддршката што ефикасно им се дава на жените претприемачи.

 

Вебинарот може да го погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=e8eoZ-X3qiU

 

Овој вебинар е дел од серијата вебинари за врсничко учење на Национална платформа за женско претприемништво за пренесување на знаењето на Европски реномирани компании и организации кои работат во полето на женско претприемништво. Националната платформа за женско претприемништво се спроведува од страна на Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Здружение на бизнис жени и Сојуз на стопански комори на Македонија.

Проектот е имплементиран од: