Јавен повик за ангажирање на експерт/и за изработка и испорачување на програма за пристојна работа за жени работнички
Јавен повик за ангажирање на експерт/и за изработка и испорачување на програма за пристојна работа за жени работнички
во рамки на проект
„ ПРИСТОЈНА РАБОТА ЗА ЖЕНИ РАБОТНИЧКИ – Социјално учество и зајакнување“,
финансиран од Европската Унија
Скопје, 23.01.2024
Инструкции за апликанти
- ВОВЕД
Здружението на бизнис жени со седиште на ул. Христо Татарчев бр. 16А, 1/11, 1000 Скопје (Нарачател), кое го спроведува проектот „ПРИСТОЈНА РАБОТА ЗА ЖЕНИ РАБОТНИЧКИ – Социјално учество и зајакнување “, финансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражување, објавува Јавен повик за ангажирање на експерт/и за изработка и испорачување на програма за пристојна работа за жени работнички.
На повикот може да се пријават физички и правни лица или тим од неколку експерти.
Цел на проектот:
Општа цел: Промоција, поддршка и зголемување на социјалното учество и правата на жените работнички во Северна Македонија.
Специфични цели:
- Поттикнување механизми во рамките на Националната платформа за женско претприемништво (NPWE) за поддршка на пристојната работа за жените работници;
- Промовирање на вредноста на пристојната работа за работничките во постоечкиот социјален дијалог;
- Придонес за заштита на работничките права на работничките;
- Зголемување на јавната свест за важноста на пристојната работа за инклузивен и одржлив економски раст.
- ОПИС НА АНГАЖМАН И РАБОТНИ ЗАДАЧИ
Ангажманот предвиден во овој повик е изработка на тренинг програма и испорачување на истата на тема пристојна работа за жени работнички.
Работни задачи:
- Изработка на тренинг програма за пристојна работа која ќе биде наменета за жени работнички
- Програмата треба да биде составена од следниве компоненти: Tрудово право, пристојна работа, колективно договарање, безбедност и здравје при работа, родови политики на работното место, социјално учество, женско претприемништво и слично.
- Подготовка на програмата – Февруари (5 работни дена)
- Испорачување на програмата – Март – Август (16 работни дена). Експертот/ите треба да ја испорачаат програмата во рамки на 8 (осум) дводневни обуки, по една дводневна обука во секој плански регион во држвата (Вкупно 16 работни дена). Датите се предмет на договор помеѓу нарачателот и експертот/ите.
- Експертот/ите треба да биде/ат во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
- Експертот/ите ја доставува/ат тренинг програмата до нарачателот најмалку 15 дена пред почетокот на обуките
- Експертот/ите го доставуваат материјалот за тренинг до нарачателот најмалку 15 дена пред почетокот на обуките. Материјалот се состои од пишан материјал во word, темите разработени и материјалот целосно напишан во документот, заради понатамошно споделување на учесниците и ppt презентација најмалце 10 дена пред почетокот на обуките, истата ќе се сподели на учесниците заради нивно понатамошно користење и искористување на знаењето.
- Експертот/ите треба да ја следат и имплементираат графичката презентација и видливоста на проектот, донаторите и имплементаторите. Сите потребн графички материјали ќе бидат доставени до експертот/ите после потпишување на договор.
- По завршување на работните задачи експертот/ите треба да достави/ат пополнети timesheets за својата работа, како и извештај од одржаните 8 обуки.
*Патните трошоци и можните трошоци за сместување се на товар на понудувачот, односно не се покриени од страна на нарачателот
*Организацијата на обуките и капацитетот за одржување на 8те обуки е во надлежност на нарачателот и не спаѓа во набавката за овој повик
* Примерок од потребните материјали за организација на обуките како што се листа за присуство, евалуција и слично ќе му биде доставен на понудувачот навремено се цел успешна организација на обуките
* Промо материјалите (тефтер и пенкало) од самиот проект наменети за учесниците на обуките се во надлежност на нарачателот и истите ќе му бидат доставени на изведувачот во потребниот број, навремено се цел успешна организација на обуките
- КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
Критериуми
Експертот/ите треба да ги исполнува следните критериуми:
Соодветно образование, во областа на правото или валидна сертификација во полето на трудово право, пристојна работа, колективно договарање, безбедност и здравје при работа, родови политики на работното место, социјално учество и слично
- Референтна листа на испорачани обуки со оваа или слична тематика
- Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство во изработка на тренинг програми
- Најмалку 3-годишно релевантно искуство во држење на обуки и работилници
- Прикажано познавање од областа на трудово право, пристојна работа, колективно договарање, безбедност и здравје при работа, родови политики на работното место, социјално учество и слично
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
- Способност за тимска работа
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Изработката на тренинг програмата и нејзино испорачување треба да биде релизирано во периодот од февруари – август 2024 година.
- КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПОНУДИ
Следниве критериуми ќе бидат искористени за оценка на добиените понуди:
Технички критериуми Бодови
Релевантно искуство 20
Релевантно образование 20
Финансиски критериуми Бодови
Цена 60
- ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните субјекти треба да достават следните документи:
- Професионална биографија
- Листа на референци
- Предлог програма
- Финансика понуда
Апликантите треба да достават комплетна понуда со сите докумeнти најдоцна до 31.01.2024 година на [email protected].
- ЦЕНА
Предложените цени за побараните услуги треба да се фиксни, без вклучен ДДВ и изразени во денари.
- ИНФОРМАЦИИ
Повеќе информации може да бидат побарани на е-маил [email protected]