Во рамките на проектот „Пристојна работа за жени работнички – Социјално учество и зајакнување” имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и Здружение на бизнис жени се организира консултативен состанок на тема „Пристојна работа – родов мејнстриминг насоцијалниот дијалог, улогата на работодавачите и жените работнички“, на 21.02.2024 година (среда) во Хотел Солун. Целта на проектот е промовирање, поддршка и зголемување на социјалното учество и правата на работничките во Македонија.
Проектот предвидува воспоставување механизми за поддршка на концептот на пристојна работа за работничките во рамките на Националната платформа за женско претприемништво, промовирање на пристојната работа за работничките во рамките на социјалниот дијалог, придонес кон заштитата на работничките права на работничките, и зголемување на јавната свест за значењето на пристојната работа од аспект на инклузивниот и одржливиот економски раст. Во рамките на проектот воспоставен е Комитет за пристојна работа на работничките, спроведена е обука на организациите од граѓанскиот сектор на темата пристојна работа за жените работнички, а изработена е и студија на состојбите на пристојната работа на работничките со препораки за унапредување.
На консултативниот состанок се очекува учество на релевантни чинителите од областа на пристојната работа на работничките (надлежни институции, синдикати, организации на работодавачи, граѓански организации). На состанокот ќе се дискутираат наодите од студијата (Студија за пристојна работа), а заклучоците ќе служат како основа за кратки документи за јавни политики. Краткиот документ за јавни политики кој беше изготвен на првиот состанок може да го погледнете на следниот линк.