НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Дводневна обука на тема: ‘’Пристојна работа за жени работнички’’ во Струмица

Дводневна обука на тема: ‘’Пристојна работа за жени работнички’’ во Струмица

Во рамките на проектот „Пристојна работа за жени работнички – Социјално учество и зајакнување” имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и Здружение на бизнис жени се организира дводневна обука на тема: ”Пристојна работа за жени работнички” во Струмица, на 03 и 04 април 2024 година (среда и четврток) во Хотел Вила Парк во Струмица.

 

Целта на проектот е промовирање, поддршка и зголемување на социјалното учество и правата на работничките во Македонија.

 

На обуката ќе се говори за актуелни теми од областите: Tрудово право, пристојна работа, колективно договарање, безбедност и здравје при работа, родови политики на работното место, социјално учество.

Обуката ќе ја води M-р Софија Волческа, асистент на правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” заедно со   гостин предавач е Проф. Д-р. Лазар Јовевски професор на правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.

На обуката ќе има и гости презентери: претставници на синдикат – КСС, Претставник од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација / Народен правобранител, Комисијата за еднакви можности.

 

Пријавувањето за обуката е на следниот линк: https://forms.gle/3pfYULrnMZWq3xCJA

 

Проектот предвидува воспоставување механизми за поддршка на концептот на пристојна работа за работничките, промовирање на пристојната работа за работничките во рамките на социјалниот дијалог, придонес кон заштитата на работничките права на работничките, и зголемување на јавната свест за значењето на пристојната работа од аспект на инклузивниот и одржливиот економски раст. Во рамките на проектот воспоставен е Комитет за пристојна работа на работничките, спроведена е обука на организациите од граѓанскиот сектор на темата пристојна работа за жените работнички, а изработена е и студија на состојбите на пристојната работа на работничките со препораки за унапредување.

Проектот е имплементиран од: