НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Дводневна обука на тема: „Пристојна работа за жени работнички“ во Охрид

Дводневна обука на тема: „Пристојна работа за жени работнички“ во Охрид

Во рамките на проектот „Пристојна работа за жени работнички – Социјално учество и зајакнување” имплементиран од страна на Здружението на бизнис жени  и Фондација за менаџмент и индустриско истражување  се организира дводневна обука на тема: ”Пристојна работа за жени работнички”на 16  и 17 мај во Шато Орман, Охрид.

 

Целта на проектот е промовирање, поддршка и зголемување на социјалното учество и правата на работничките во Македонија.

 

На обуката ќе се говори за актуелни теми од областите: Tрудово право, пристојна работа, колективно договарање, безбедност и здравје при работа, родови политики на работното место, социјално учество.

 

Обуката ќе ја води M-р Софија Волческа, асистент на правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” заедно со   гостин предавач Проф. Д-р. Лазар Јовевски професор на правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.

На обуката ќе има и гости презентери: претставници на синдикат – КСС, Претставник од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација / Народен правобранител, Комисијата за еднакви можности.

Пријавувањето за обуката е на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdtW2MHvBF37SeYknOsFuK4uw7JFkhlHXhIeTvXGQgKvqtP0w/viewform

 

Проектот предвидува воспоставување механизми за поддршка на концептот на пристојна работа за работничките, промовирање на пристојната работа за работничките во рамките на социјалниот дијалог, придонес кон заштитата на работничките права на работничките, и зголемување на јавната свест за значењето на пристојната работа од аспект на инклузивниот и одржливиот економски раст.

 

Во рамките на проектот воспоставен е Комитет за пристојна работа на работничките, спроведена е обука на организациите од граѓанскиот сектор на темата пристојна работа за жените работнички, а изработена е и студија на состојбите на пристојната работа на работничките со препораки за унапредување.

Проектот е имплементиран од: