НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ И КАПАЦИТЕТИТЕ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ И ЖЕНИТЕ РАБОТНИЧКИ ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ И КАПАЦИТЕТИТЕ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ И ЖЕНИТЕ РАБОТНИЧКИ ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА

Краток документ за јавни политики:

И покрај постигнатиот генерален напредок на полето на родовата рамноправост, сепак родовата нерамноправност на работното место и понатаму е висока и тврдоглаво опстојува. Жените сè уште се во понеповолна положба на пазарот на трудот и на работното место во смисла на вклученост на пазарот на трудот, можности за вработување, професионален развој, а поизложени се и на мобинг и дискриминација.
Родовиот јаз на пазарот на трудот е изразен преку јаз во стапките на активност и вработеност, како и во платата како награда за вложениот труд. Според податоците на Евростат за 2020 година само околу половина од работоспособните жени во Македонија (население на возраст од 15 до 54 години) активно учествува на пазарот на трудот и придонесува кон создавањето на бруто домашниот производ. Како главна причина за неактивноста на жените на пазарот на трудот се издвојува традиционалната поделба на трудот во семејството и стереотипите околу улогата на родителите во развојот на децата.
Традиционалните родови улоги и стереотипи, секако, придонесуваат кон родовата нерамноправност и дискриминација, нивното толерирање и оправдување, но не се единствената причина. Покрај овие културни предизвици, големо ограничување за активноста на жените е и недоволната понуда на услуги за грижа на деца и на зависни возрасни лица, и покрај одреден напредок во оваа сфера во изминатите години.

 

Документот може да го погледнете на следниов линк

Проектот е имплементиран од: