Јавен повик за ангажирање на правни советници
Јавен повик за ангажирање на правни советници
во рамки на проект
„ПРИСТОЈНА РАБОТА ЗА ЖЕНИ РАБОТНИЧКИ – Социјално учество и зајакнување“,
финансиран од Европската Унија
Инструкции за апликанти
- ВОВЕД
Здружението на бизнис жени со седиште на ул. Христо Татарчев бр. 16А, 1/11, 1000 Скопје (Нарачател), кое го спроведува проектот „ПРИСТОЈНА РАБОТА ЗА ЖЕНИ РАБОТНИЧКИ – Социјално учество и зајакнување “, финансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражување, објавува Јавен повик за ангажирање 16 (шеснаесет) правни советници.
На повикот може да се пријават само физички лица.
Цел на проектот:
Општа цел: Промоција, поддршка и зголемување на социјалното учество и правата на жените работнички во Северна Македонија.
Специфични цели:
- Поттикнување механизми во рамките на Националната платформа за женско претприемништво (NPWE) за поддршка на пристојната работа за жените работници;
- Промовирање на вредноста на пристојната работа за работничките во постоечкиот социјален дијалог;
- Придонес за заштита на работничките права на работничките;
- Зголемување на јавната свест за важноста на пристојната работа за инклузивен и одржлив економски раст.
- ЦЕЛ И ОПИС НА АНГАЖМАН И РАБОТНИ ЗАДАЧИ
Оваа активност се фокусира на обезбедување директна поддршка на жените работничките преку формирање на мрежа на правни советници за подобро разбирање и остварување на нивните права на пазарот на трудот. Ќе бидат ангажирани 16 (шеснаесет) правни советници:
2 (два) од Скопски плански регион
2 (два) од Источен плански регион
2 (два) од Североисточен плански регион
2 (два) од Вардарски плански регион
2 (два) од Пелагониски плански регион
2 (два) од Полошки плански регион
2 (два) од Југоисточен плански регион
2 (два) од Југозападен плански регион
Работни задачи:
- Давање бесплатна правна помош за прашања од работен однос како што се минимална плата, прекувремена работа, дискриминација, прописи за безбедност и здравје при работа и сл.
- Подготвување, пишување и испраќање: претставки до Државниот инспекторат за труд и до другите надлежни инспекторати за кршење и повреда на права од работен однос
- Следење на текот на предметите во кои е ангажиран;
- Следење на сите фактори кои може да влијаат во исходот на случаите како промена на позитивното законодавство, промена на политиките на определени институции и слично;
- Посредување во спорови меѓу работодавците и вработените, како што се прекин на договор, дискриминација, вознемирување, спорови за плата и други конфликти на работното место;
- Помагање и асиситирање во подготовката на случаи за судски спорови, вклучувајќи собирање докази, интервјуирање сведоци и подготовка на правни документи;
- Правните советници треба да бидат во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи;
- По завршување на работните задачи правните советници треба да достават пополнети timesheets за својата работа, како и финален извештај;
- Да учествуваат во кампањата на социјалните медиуми која ќе се спроведе во рамките на проектот за зголемување на видливоста на правните советници;
- Сите активности на правните советници треба да бидат поткрепени со соодветна документација и докази за извршените задачи заради документирање на активноститие и истите ќе служат само за известување кон институцијата давател на грант и информациите нема да бидат користени за други цели. (Доказен материјал за извештаи: е-маил комуникација, пишан документи, снимки од консултативни средби, листа на потпис од одржаната средба поткрепена со фотографија и со краток извештај за сработеното и сл.)
- ПОТРЕБНИ КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
Критериуми
Правните советници треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Дипломиран/а правник/чка со завршено четиригодишно високо образование на правни студии (т.н „стара програма”) или дипломиран правник со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС;
- Најмалку три години работно искуство во вршење на правни работи;
- Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
- Компјутерски вештини
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
- Способност за тимска работа
Временска рамка
Периодот на ангажман на правните советници е 6 месеци почнувајќи од 01.08.2024 до 31.01.2025 година
- КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ПОНУДИ
Ќе биде избран понудувач чија понуда ќе освои најголем број на бодови како збир на бодови од секој критериум. Како критериуми се земаат следниве:
| Kритериуми | Бодови |
1. | Професионална биографија и искуство | 50 |
2. | Листа на референци | 50 |
| Вкупно | 100 |
- ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните лица треба да ги достават следните документи:
- Професионална биографија
- Листа на референци
- Мотивационо писмо
Апликантите треба да достават комплетна понуда со сите докумeнти најдоцна до 20.07.2024 година на [email protected]. Апликациите задолжително гласат на име „Оглас за правен/правна советник/советничка“ и плански регион за кој аплицираат.
- ИНФОРМАЦИИ
Повеќе информации може да бидат побарани на е-маил [email protected]