НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Организирана студиска посета ‘’Градење капацитети за пристојна работа и родови политики преку размена на искуства’’ во Брисел, Белгија

Организирана студиска посета ‘’Градење капацитети за пристојна работа и родови политики преку размена на искуства’’ во Брисел, Белгија

Во периодот од 06 до 08 октомври 2024 година, во рамки на проектот „Пристојна работа за жени работнички – социјално учество и зајакнување“, ко-финансиран од Европската Унија, се одржа студиска посета во Брисел, Белгија. Посетата беше организирана за претставници од синдикати, граѓански организации и институции кои активно работат на темата на пристојна работа.

Тимот на Фондација за менаџмент и индустриско истражување, предводен од Габриела Костовска Богоеска, извршен директор, и Емилија Андонова, програмски координатор, заедно со Здружението на бизнис жени, предводено од Валентина Дисоска, претседател, и Елена Блажевска, проектен координатор, спроведоа тридневна програма со посети на различни институции, организации и настани во Брисел. Целта на посетата беше размена на добри практики, вмрежување и споделување на искуства меѓу македонските учесници и нивните европски колеги.

Меѓу учесниците на оваа студиска посета беа претставници од: Гласен Текстилец ШтипМакедонско здружение за заштита при работаКонфедерација на слободни синдикати на МакедонијаБизнис конфедерација на МакедонијаСојуз на синдикатите на МакедонијаПравен факултетНароден правобранителМинистерство за труд и социјална политика, и Комисијата за антидискриминација.

По повод Меѓународниот ден на достоинствена работа (07 октомври), учесниците ја посетија Интернационалната синдикална конфедерација (International Trade Union Confederation (ITUC)), каде добија информации за актуелни прашања и практики поврзани со пристојната работа.

Втората посета беше во Европскиот Парламент, каде учесниците присуствуваа на сесија со градоначалници од земјите членки на ЕУ, дискутирајќи за европските политики за родова еднаквост и пристојна работа.

Првиот ден беше заокружен со средба со делегацијата на Make Mothers Matter (MMM), каде заеднички се одбележа Меѓународниот ден на достоинствена работа и се разговараше за подобрување на условите за жените работнички.

Вториот ден од студиската посета вклучуваше средба со Европскиот економски и социјален комитет (European Economic and Social Committee (EESC)), каде се разговараше за продлабочување на соработката и размена на добри практики.

Посетата заврши со учество на Европската недела на региони и градови, која понуди нови можности за вмрежување и соработка со европски организации и институции.

Оваа иницијатива претставува важен чекор кон создавање на подобра и поинклузивна иднина, со посветеност на унапредување на условите за работа и промоција на родовата еднаквост.

Организирањето на студиска посета во Брисел нуди бројни предности за учесниците и институциите. Како срце на Европската Унија, Брисел претставува идеална локација за вмрежување, споделување искуства и учење од најдобрите европски практики. Учесниците имаa уникатна можност да ги посетат Европскиот парламент I Европскиот економски и социјален комитет и други значајни институции, стекнувајќи увид во начинот на функционирање на европските политики и процеси. Преку оваа посета на учесниците им се овозможува директен контакт со претставници на други европски организации, синдикати и институции, што води до потенцијална соработка и споделување на добри практики. Учесниците имаа можност да разменат искуства и да се запознаат со успешни проекти и иницијативи кои можат да се применат и во нивната средина.

Проектот е имплементиран од: