НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

СОВЕТ

bcm

БИЗНИС КОНФЕДЕРЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА


Бизнис Конфередацијата на Македонија (БКМ) се формира во 2001 и својата работа ја започнува како здружение на работодавачи, која ги артикулира, претставува и ги поддржува интересите на нејзините членови и интересот на бизнисите во земјата.

Денес членството на БКМ брои 8.500 компании здружени во 13 деловни здруженија, со две регионални канцеларии во Прилеп и Тетово и централа во Скопје. Покрај претставувањето и застапувањето на интересите на своите членови, БКМ е катализатор на изразување на деловната заедница и потикнувач на социјалниот дијалог и индустриските односи во земјата.

 

Промовирајќи го концептот на одговорно водење на бизнис поттикнуваме одржливост на економијата и долгорочен развој на компаниите.
Знаењето и ставовите на Бизнис Конфедерација на Македонија се базираат врз постојана комуникација со членството – длабински истражувања, анализи и мерење на состојбите во разни сфери на општественото делување на локално, национално и регионалнониво.

 

Веб страна:  bcm.mk
Контакт телефон: 00389 02 3224 762
Мејл: [email protected]
Адреса: Ул. Васил Главинов бр.16 1/11, БЦ Палома Бјанка


ФОНДАЦИЈА ПРЕТПРИЕМАЧКИ СЕРВИС ЗА МЛАДИ


Фондација Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ) со главна компонента бизнис инкубатор за поддршка на микро, мали и средни претпријатија од областа на информационо-комуникациските технологии преку процесот на бизнис инкубација овозможува пристап до услуги наменети за забрзување на нивниот раст и развој.   

 

Членките на инкубаторот имаат корист од:

* бенефицирани цени за бизнис канцеларија,

* право на користење на сала за состаноци, компјутерска лабораторија, просторија за одржување презентации и обуки,

* совети во секојдневните операции,

* обуки и тренинзи за зајакнување на капацитетите за водење бизнис,

* менторирање од страна на домашни и странски врвни експерти, претприемачи и консултанти,

* промоција,

* посредување при финансирање,

* поврзување со клиенти,

* организирање настани за вмрежување и интернационализација.

 

Веб страна:  www.yes.org.mk
Контакт телефон: +389 (0) 2 3103 660 
Мејл:  info[AT]yes.org.mk
Адреса: „16-та Македонска Бригада“ 13Б Скопје

 

ФОНДАЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА

 

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип е непрофитна и невладина организација, формирана во декември 2006 година, како правен наследник на Центарот за поддршка на НВО – Штип. Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип е прва фондација за заедницата во Република Македонија.

Визија

Локалните заедници се организирани, проактивни и способни да влијаат на благосостојбата и подобрување на квалитетот на животот.

Мисија

Ефективно учество на граѓаните во креирање на јавни политки и нивна доследна имплементација.

 

Веб страна:  frlz.org.mk
Контакт телефон: +389 (0)32 / 383 116
Мејл:  [email protected]
Адреса: Ул. Страшо Пинџур бр. 66/1 2000 Штип, Македонија

 

НАЦИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМАЧКО УЧЕЊЕ

 

Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) е основан во ноември 2009 година со финансиска поддршка од Австриската Развојна Соработка – Austrian Development Cooperation (ADC). Центарот се развива под препораките на проектот „Соработка на агенциите за финансирање и поддршка на иновации во Југоисточна Европа“ (South-East Europe Co-operation of Innovation and Finance Agencies). Оваа мрежа се стреми кон зајакнување на капацитетите за ефективно овозможување на иновациска, технолошка и финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија. НЦРИПУ е дизајниран како центар отворен за иновативни, технолошки-базирани и профитно-ориентирани идеи.

ЗДРУЖЕНИЕ ЕДНАКВИ ЗА СИТЕ

Здружението ЕДНАКВИ ЗА СИТЕ Кочани е основано 01 март 2001 година во Кочани, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како и заради вршење на дејности и активности за остварување на:економски, социјални, културни, научни , еколошки, стручни, технички, хуманитарни, здраствени, образовни, спортски и други права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и законот.

Мисија:
Процес на партнерска работа со заедницата за препознавање и активно користење на нејзините ресурси, со цел развој и спроведување на остварливи и одржливи програми за подобро утре на заедницата.
Визија:

Никогаш не сомневајте се дека една мала група ентузијасти може да предизвика позитивна разлика во заедницата за доброто на сите!

Мото:

Со едукација, пракса и регионално делување развој на капацитетите на граѓанскиот сектор за планирање и спроведување на активности кои овозможуваат учество, креативност и иницијатива на членовите од заедницата. В К Л У Ч И   С Е   И   Т И!


Контакт телефон: 078 354-079
Мејл:  [email protected]

Адреса: ул. Тодосија Паунов бр.26 Кочани

ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Занаетчиската комора на Република Северна Македонија е основана во 2004 година.

Занаетчиска комора на Република Северна Македонија се состои од 15 регионални занаетчиски комори. Во нив членовите можат да бидат занаетчии и вршители на занаетчиски услуги и други правни лица, кои придонесуваат со нивните активности за унапредување на претприемништвото и развој на занаетчиството.

ЗКРСМ е под надлежност на Министерството за економија на Република Северна Македонија.

 

Поради нашиот коморен систем, социјални партнерства со државата институции на РСМ и заради законски овластувања утврдени со Законот за занаетчиство, ние сме активни во поддршката на занаетчиството, подобрување на квалитетот на занаетчиските производи и услуги, како и залагање за социјални и економски интереси на занаетчиите на целата територија на РСМ .

 

Мисија:

Занаетчиска комора на Република Северна Македонија во координација со Регионалните занаетчиски комори (нејзините членови) ги спроведува јавните овластувања и во партнерство со сите релевантни институции што ги иницира, создава и спроведува одржливи наставни програми и ги мобилизира сите занаетчии со цел да се развие и унапреди занаетчиството, да се подобри конкурентноста и да ги прилагоди економските норми на Република Северна Македонија со стандардите на ЕУ.

Визија:

Нашата цел е да им помогнеме на занаетчиските занаети да го добијат заслуженото место во општеството и да одржиме конструктивен политички дијалог, кој овозможува воспоставување рамковни услови за развој и унапредување на малите бизниси и занаетчиството.

 

Претседател на ЗКРСМ

Агрон Фазлији

 

Веб страна:  https://zkrsm.mk/
Контакт телефон: +389 2 505 3544
Мејл:  [email protected]
Адреса: Ул. Васил Главинов 16, 1/11, Скопје

Проектот е имплементиран од: